Свет
(Видео) Масовен протест во Лондон, демонстрант се облече како Нетанјаху со „крвави раце“

Во Лондон пред малку започна масовен протест за поддршка на Палестинците и со повик за прекин на огнот.
Демонстрантите се собираат во финансискиот кварт на градот, а многумина носат знамиња и транспаренти.
Еден демонстрант носи маска на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Рацете му се попрскани со црвена боја, која исто така е намачкана на куклата што ја држи.
Thousands already here to march for Palestine. We demand a #CeasefireNOW#GazaGlobalAction pic.twitter.com/0873ryRqIO
— PSC (@PSCupdates) January 13, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ватикан: Папата Франциско и понатаму е критично, но е стабилен

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран во римската болница Гемели поради пневмонија, и понатаму е во критична состојба, но е стабилен и немал никакви респираторни кризи, соопшти денеска Ватикан.
Тој е во болница од 14 февруари, што е негов најдолг престој во болница откако е избран за папа, објави Ројтерс.
Вчера Ватикан објави дека состојбата на папата и понатаму е критична, но дека има „маргинално подобрување“ и дека „благата бубрежна инсуфициенција“, која првпат беше пријавена во текот на викендот, не е причина за загриженост.
Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.