Свет
(Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети

Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико, јавија мексиканските медиуми.
#AlMinuto⏱️| Continúan saliendo a la luz videos del ataque ocurrido esta madrugada en el antro 'DBar' en #Villahermosa, en este se observa a los presuntos responsables huyendo tras realizar detonaciones de arma de fuego.
El saldo oficial es de 6 fallecidos 🕊️ y 10 personas… pic.twitter.com/oloGc9nJY3
— Tabasco al minuto (@Tabalminutomx) November 25, 2024
Според соопштението на локалните власти, вооружени напаѓачи влегле во ноќниот клуб околу четири часот наутро со цел да убијат едно лице, додека останатите се колатерални жртви.
🚨🇲🇽6 DEAD IN MEXICAN BAR SHOOTING
Mexican authorities have detained a suspect in a local bar shooting in Villahermosa City, Tabasco, Mexico that left 6 dead and 10 injured.
Reports state that an armed commando entered the DBAR bar to attack a patron, which triggered the mass… pic.twitter.com/Osq0uf0BbI
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2024
Првичните информации укажуваат дека се работи за мафијашка пресметка. Пет лица загинале на местото на настанот, додека едно лице починало при пристигнувањето во болница.
#AlMinuto⏱️| Circula en redes como un persona grabó el momento crucial cuando el comando armado disp*raba dentro de el antro Dbar en Villahermosa
El cuál dejó como saldo 6 abatidos y 10 personas heridas de forma oficial🕊️ pic.twitter.com/tsw2C2Hph4
— Tabasco al minuto (@Tabalminutomx) November 24, 2024
Напаѓачите побегнале од местото на настанот, а полицијата започнала потрага по нив. Истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британски „Индипендент“: Западот е исплашен од антируската идеја за Полска

Воведувањето зона на забранети летови над Украина би довело до најголема ескалација во сегашната војна и би отворило пат за директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија, пишува британскиот весник „Индипендент“.
Според анализата, секоја одлука за забрана на летови над украинска територија неизбежно би ги ставила силите на Северноатлантската алијанса во позиција да се спротивстават на руската авијација, што би значело влегување во активни борбени операции. „Тоа е сценарио кое би можело да ескалира во пошироки вооружени конфликти со непредвидливи последици“, пишува весникот, повикувајќи се на проценките на експертите.
Во последните денови, вниманието на Европа е насочено кон инцидент во Полска, кога неколку беспилотни летала беа соборени во ноќта на 10 септември. Варшава ја обвини Русија за инцидентот, додека Министерството за одбрана на Руската Федерација негираше каква било вмешаност, нагласувајќи дека нејзината војска не испратила беспилотни летала преку полската граница.
Во светлината на тој настан, полскиот премиер Доналд Туск го нарече инцидентот провокација од страна на Москва. Во исто време, шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, изјави дека Западот треба да размисли за воведување зона на забранети летови над Украина. Тој посочи дека Киев би можел да побара од своите сојузници да соборуваат беспилотни летала над територијата под украинска контрола доколку е потребно.
„Индепендент“ нагласува дека усвојувањето на таков предлог драматично би ги зголемило влоговите во војната во Украина, бидејќи НАТО би бил директно вклучен во воените операции. Аналитичарите предупредуваат дека секоја грешка или инцидент во такво сценарио би можел да доведе до неконтролирана ескалација и отворена војна на алијансата со Русија, што би имало глобални последици.
Фото: принтскрин
Свет
СЗО: Болниците во Појасот Газа се на работ на колапс

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди за голема офанзива на израелската армија во северниот дел од Појасот Газа, наведувајќи дека болниците се „на работ на колапс“.
„Ранетите и инвалидите не можат да стигнат до безбедно место, што ги става нивните животи во сериозна опасност“, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата X.
Според него, болниците, веќе преоптоварени, се на работ на колапс бидејќи ескалацијата на насилството го блокира пристапот и ја спречува СЗО да испорача витални залихи.
Фото: принтскрин
Европа
Рекордна суша во Европа и медитеранските земји во август

Европа и медитеранските земји беа погодени од рекордна суша во август, која зафати повеќе од половина од земјиштето, според анализата на АФП на податоците од Европската Унија.
Минатиот месец, 53 проценти од регионот беа погодени од суша, рекорд од почетокот на мерењата во 2012 година, според програмата на ЕУ за климатски промени „Коперникус“.
Бројката е далеку над просекот за август во периодот од 2012 до 2024 година, кој изнесува 30,1 процент.
Источна Европа и Балканот беа силно погодени. Илјадници жители беа евакуирани, а две лица загинаа поради шумски пожари во балканските земји поттикнати од високите температури.
Ситуацијата беше катастрофална и во Западна Европа, при што Португалија забележа намалување на дождовите во 70 проценти од земјата.
Франција, која во август беше погодена од вториот топлотен бран во летото, се соочи со недостиг на вода во две третини од земјата.
Особено тешка ситуација ги зафати неколку земји во Источниот Медитеран, каде што над 90 проценти од Ерменија, Грузија и Либан беа погодени од суша.
Турција, која страдаше од недостиг на вода во 84 проценти од својата територија, се соочи и со бројни пожари.
Коперникус, кој собира податоци од милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици, регистрираше неуморно зголемување на температурите додека планетата се затоплува поради емисиите на стакленички гасови, за кои е одговорно човештвото.
фото: принтскрин