Свет
(Видео) Мајка објави неверојатно видео, се породи во автомобил

Мајка на три деца го опиша своето неверојатно искуство со породувањето во автомобил додека таа и нејзиниот сопруг се возеле кон болница.
Како што објаснила на објавеното видео, на автопатот имало страшен метеж и многу бргу сфатиле дека нема навреме да стигнат до болницата. Иако породувањето во автомобил среде автопат изгледало како невозможна задача, тие немале друг избор.
@deshaifudd Storytime of my Daughters delivery! #fyp #foryoupage #tiktok #explore #baby #babyfever #laboranddelivery #birthstory #birthstorytime #labor #pregnant #newborn #newbabyborn #family #storytime ♬ You Are My Sunshine – Kina Grannis
„Заглавивме во сообраќајот и моравме да ја запреме полицијата бидејќи ни треба придружба за да стигнеме во болница со бебето што е можно побргу“, напиша таа во описот на видеото, на кое можете да видите како го држи новороденото девојче.
Неверојатното видео од породувањето за кратко време стана вирално, а досега го гледале над 12 милиони луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мал авион се урна врз колиба во Словенија, пилотот се уште не е пронајден

Мал авион утрово по полетувањето од Загреб удрил во колиба лоцирана во областа Велика Планина во Словенија.
Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу 9:30 часот, по што почнал да се спушта во спирала од височина од 2.500 метри.
Околу 12:30 часот спасувачите пронашле делови од леталото кое удрило во кабина сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана. Доцна попладнето пожарникарите соопштија дека целото летало се наоѓало во кабината, што полицијата се уште не го потврдува. Потрагата се уште трае, а пилотот се уште не е пронајден.
Пожарникарите од Противпожарната служба Камнишка Бистрица на Фејсбук објавија дека леталото ја „преполовило кабината“, а еден од нивните тимови ги пронашол крилото и тркалото на авионот во кабината. Откако ја прегледале околината, не нашле остатоци, па потрагата повторно ја насочиле кон кабината.
„Откривме и топол предмет со термална камера за кој претпоставувавме дека е моторот на авионот. Откако полицијата ја презеде координацијата на настанот, бидејќи нашата помош повеќе не беше потребна, пожарникарите на Противпожарната единица Камнишка Бистрица се вратија во седиштето, а потоа по договор со раководителот на интервенција го напуштивме местото за интервенција“, напишаа на Фејсбук.
Свет
Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Речиси илјада луѓе се евакуирани денеска во Гватемала откако вулканот Фуего повторно еруптираше, соопштија органите за цивилна заштита.
Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулкан се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса.
„Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи.
Општинската зграда во градот Алотенанго ќе служи како привремено засолниште за евакуираните.
Властите прогласија состојба на готовност за да одржуваат „постојан контакт со градоначалниците и гувернерите“ на областите во близина на вулканот и „координираат превентивни акции“ во случај на ерупција, соопшти службата.
Владата, исто така, ја прекина наставата во училиштата во областа околу вулканот и го затвори патот што го поврзува југот на земјата со поранешната колонијална престолнина Антигва – главната туристичка дестинација на Гватемала и дел од светското наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.