Свет
(Видео) Менхетен во мрак, над 180 илјади луѓе останаа без струја
Поради прекин во електричната енергија, голем дел од Менхетен остана во темнина разно изутринава. Десетици илјади луѓе во другите населби во Њујорк сè уште се без електрична енергија по поминувањето на тропската бура Исајас.
Портпаролот на електроенергетската компанија „Консолидејтед Едисон“ изјави дека денешното затемнување започнало во 5.13 утрово во Харлем, горната западна страна и горната источна страна на Менхетен и дека биле погодени околу 180.000 корисници. Паузата траела околу половина час.Уште 5.000 корисници останале без електрична енергија во Квинс.
Lights out Manhattan pic.twitter.com/3wHXCbFbqz
— Karli ?? (@KarluskaP) August 7, 2020
Засега не е позната причината за утринските прекини на електрична енергија, кои зафатија и неколку линии на метрото.
Како што јавуваат медиумите, екипите работат нон-стоп за да ја вратат електричната енергија низ градот, откако тропска бура го погоди американскиот источен брег на почетокот од неделава.
Повеќе од 60.000 жители на Квинс, Статен Ајленд и Бронкс сè уште се без електрична енергија, објави компанијата „Кон Едисон“, наведувајќи дека снабдувањето нема да биде повторно воспоставено за многу од нив пред недела вечер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

