Свет
(Видео) Меркел се изгуби во зградата на Европскиот совет

Германската канцеларка, Ангела Меркел, пристигна на првиот вонреден состанок на претставниците на ЕУ во Eвропскиот совет од почетокот на пандемијата на Ковид-19. На снимките од нејзиното пристигање Меркел изгледаше изгубено додека одеше кон просторијата за состаноци.
Одејќи по црвениот тепих во зградата на Советот на ЕУ, канцеларката наеднаш застана и збунето погледна пред влезот на салата. По неколку секунди размислување, таа продолжи да оди во истата насока.
«Что там за поворотом? Стоит ли идти?»: Меркель и опасности, подстерегающие на саммите ЕС pic.twitter.com/S6cldWrxSj
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) July 17, 2020
Видеото предизвика лавина реакции и духовити коментари на социјалните мрежи.
Лидерите на Европската Унија се собраа во Брисел во обид да постигнат договор за заеднички буџет за следните седум години и фонд за закрепнување поради новонастаната ситуација предизвикана од пандемијата предизвикана од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.