Свет
(Видео) Меси „заробен“ во својот автомобил од неговите симпатизери
Не стивнува еуфоријата во Аргентина по освоената титула, светски првак на Мундијалот во Катар.
Лионел Меси се уште е во својата татковина, но се чини дека ќе биде принуден што поскоро да ја напушти, пишуваат медиумите во регионот.
На социјалните мрежи кружи видео од Меси кој се обидува да се пробие со автомобилот низ толпа од симпатизери во неговиот роден град.
El que anda tranquilo por Rosario es Lionel Messi 😅
NUESTRO CAMPEÓN DEL MUNDO 😍🇦🇷🏆 pic.twitter.com/jJuC2ToeZ1
— TNT Sports Argentina (@TNTSportsAR) December 28, 2022
Имено, Меси доби одмор од својот клуб до крајот на 2022 година, кој тој сака да го помине со семејството во неговиот роден град, но медиумите пренесуваат дека тој нема мир.
Тргнал со својот автомобил, но не можел да оди многу подалеку поради напливот на сонародници кои сакале да му оддадат почит за се што направи за Аргентина.
Сопругата Антонела му покажува да сврти лево, но се чини дека Меси сфаќа дека и на тој начин не може да ја заобиколи толпата.
Инаку Аргентина ја совлада Франција по изведувањето пенали и со тоа стигна до третата светска шампионска титула во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците уништија руски систем за воздушна одбрана вреден 60 милиони долари
Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала.
Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената разузнавачка служба (ХУР), погодиле три важни цели: системите Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2.
Уништените системи се меѓу највредната руска опрема на бојното поле.
Европа
(Видео) „Ризикуваме да изгубиме сè“: драматичен говор на Зеленски по падот на вториот човек на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук за прв пат по оставката на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот лидер.
Како што нагласи на самиот почеток, „Русија едвај чека Украина да прави грешки“.
– Ние нема да ги правиме. Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да не успееме, немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина. Мора да стоиме заедно. Мора да издржиме. Нема друг избор. Никогаш нема да има друга Украина. Ние ја браниме Украина. Слава на Украина! – рече Зеленски.
Зеленски денес објави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка.
– Прво: Канцеларијата на претседателот на Украина ќе назначи ново лице на чело – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка – рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Тој му се заблагодари на Јермак за неговата досегашна работа и рече дека утре ќе одржи консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет, пренесува УНИАН.
Европа
Франција ги забрани мобилните телефони во основните училишта, Макрон: Ќе ги забраниме и во средните училишта
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е веројатно на средношколците да им биде забрането да користат мобилни телефони почнувајќи од следната година.
Објавата е продолжување на постојната мерка што веќе е во сила за помладите ученици, објави Политико.
На учениците во основните и средните училишта во Франција веќе им е забрането да користат мобилни телефони.
Зборувајќи на настан во источна Франција, Макрон рече дека првата фаза од забраната функционирала „доста добро“ и изрази поддршка за проширување на политиката на средните училишта, кои ги посетуваат ученици на возраст од 15 до 18 години.
Францускиот претседател потврди дека министерот за образование Едуар Жефри веќе ја разгледува идејата. Сепак, воведувањето забрана во средните училишта може да бара ново законодавство. Националното собрание гласаше за сегашната забрана во 2018 година, но тој закон конкретно ги опфаќа само предучилишните установи, градинките и основните и средните училишта.
Иако влијанието на Макрон врз домашната политика ослабе откако ја изгуби контролата врз парламентот во 2024 година, претседателот во последните недели се обидува да се врати на домашната сцена. Преку серија јавни настапи, тој се обидува да покаже како планира да се соочи со предизвиците што ги поставуваат социјалните медиуми и големите интернет платформи.

