Свет
(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија
Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо. Во меѓувреме, надворешните појаси на бурата се шират кон исток, носејќи силни ветрови во областа на заливот Тампа.
Како што тие ветрови ќе се вратат кон заливот подоцна вечерва, заливот – кој се испразни рано оваа вечер – повторно ќе се наполни со вода, рече метеорологот на Си-ен-ен, Чад Мајерс.
Неколку часа по неговото првично пристигнување, Милтон сега е ураган од прва категорија и се наоѓа на околу 40 милји (65 километри) југо-југозападно од Орландо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Купишта отпад плива низ улиците на Флорида, забележани се обилни врнежи
Новинарот Макс Чеснес објави фотографија од центарот на Гулфпорт, Флорида.
We’re on Shore Boulevard in downtown Gulfport. Piles of debris from Hurricane Helene just days ago are now soaked in the floodwaters of Hurricane #Milton pic.twitter.com/BJJd0TKG1s
— Max Chesnes (@MaxChesnes) October 10, 2024
Тој наведува дека купиштата отпадоци и искршени делови по неодамнешниот премин на ураганот Хелен сега се потопени во поплавите што ги донесе ураганот Милтон.
Обилни врнежи беа забележани низ Флорида со пристигнувањето на ураганот Милтон.
Речиси 2,8 милиони домови и бизниси низ Флорида се без струја, според PowerOutage.us.
Свет
САД веруваат дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е жив и се крие во тунел во Газа
САД веруваат дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е жив и веројатно се крие во подземен тунел во Појасот Газа со заложници во близина, изјави денеска Бред Мекгурк, специјален советник на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка.
„Јахја Синвар останува тој што одлучува. Веруваме дека тој е жив и е во тунел под Газа, веројатно со заложници во близина“, рече Мекгурк за време на разговорот со американските рабини, пренесува Тајмс оф Израел.
Ова се најдеталните информации за статусот на Синвар од висок американски функционер за неколку недели, ако не и месеци, пишува израелскиот дневен весник.
Во текот на изминатите неколку дена, медиумите објавија дека Синвар, откако беше недостапен повеќе од еден месец, повторно воспостави контакт со претставници на Хамас надвор од Појасот Газа.
Мекгурк рече дека американската влада верува дека војната во Појасот Газа може веднаш да заврши доколку Синвар се согласи да ги ослободи преостанатите израелски заложници кои ги држи Хамас.
Свет
УНИЦЕФ: Секоја осма жена во светот била жртва на сексуална злоупотреба пред да наполни 18 години
Повеќе од 370 милиони девојчиња и жени ширум светот биле жртви на силување или сексуална злоупотреба во текот на нивното детство или адолесценција, според извештајот на УНИЦЕФ.
Тоа значи дека секоја осма девојка или жена била жртва на силување или сексуален напад пред да наполни 18 години, се вели во соопштението на Детскиот фонд на ОН.
Ако на овие напади се додадат и нападите во кои нема контакт, како што се вербалните напади на Интернет, бројот на погодени девојки и жени во светот е 650 милиони или секоја петта.
Директорката на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, рече дека „сексуалното насилство врз децата е неподнослив напад врз колективната свест“.
Овие напади и силувања „предизвикуваат длабока и трајна траума и често се нанесуваат од доверлива личност, во средини каде што детето треба да се чувствува безбедно“, додава Расел.
Податоците за сексуалното насилство врз децата беа објавени во пресрет на 11 октомври, Меѓународниот ден на девојчето, прогласен од ОН.