Свет
(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва
Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.
Неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите. Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.
Video footage of the arrest of @navalny. #Navalny #Russia https://t.co/g9zJxEnqw5
— Yashar Huseyn (@yasharhuseyn) January 17, 2021
Полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални кои го чекаа на аеродромот во Внуково, а меѓу нив е и опозициската политичарка, Љубов Собољ.
❗️❗️Во Внуково задержали Соболь, Шаведдинова и Котова, передает наша корреспондентка. Видео: @MBKhMedia pic.twitter.com/uKji8qOpOy
— МБХ медиа (@MBKhMedia) January 17, 2021
Навални престојуваше во Германија каде се лекуваше поради наводното труење со отровот Новичок. За труењето тој ја обвини власта, а Русија негираше каква било вмешаност.
Нему од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.
Пред да се качи во авионот во Берлин, Навални рече дека се чувствува „многу среќен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Двајца мртви во нова американска акција против трговија со дрога во Пацификот
САД извршија уште еден напад во Пацификот врз брод за кој се сомнева дека превезувал шверцери на дрога, а американската војска соопшти дека убила двајца мажи.
„Заедничката работна група „Southern Spear“ спроведе смртоносен кинетички напад врз брод управуван од назначена терористичка организација во меѓународни води“, соопшти американската Јужна команда на социјалната мрежа Икс.
On Dec. 29, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations in international waters. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known… pic.twitter.com/69ywxXk30N
— U.S. Southern Command (@Southcom) December 29, 2025
Разузнавачките служби потврдија дека бродот користел рути што се користат за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога, рекоа тие, додавајќи дека ниту еден американски војник не е повреден за време на операцијата.
Вкупно, најмалку 107 лица беа убиени во американски напади насочени кон бродови што Вашингтон, без докази, ги обвинува за „трговија со дрога“.
Свет
Австралиската полиција: Нападот на плажата Бонди не е поврзан со терористичка организација
Австралиската федерална полиција соопшти дека двајцата вооружени лица кои убија 15 лица за време на еврејски празник на плажата Бонди очигледно не добиле никаква надворешна помош и не биле дел од терористичка организација.
„Се верува дека овие лица дејствувале сами“, изјави за новинарите комесарката на австралиската федерална полиција, Криси Барет.
„Нема докази што укажуваат дека овие осомничени напаѓачи биле дел од поголема терористичка ќелија или дека им било наложено од други да го извршат овој напад“, додаде таа.
Двајцата осомничени, Навид Акрам и неговиот татко Саџид, кој беше застрелан од полицијата, патувале во јужните Филипини во неделите што му претходеле на масакрот на плажата Бонди на 14 декември за време на прославите на Ханука. Патувањето покрена сомнежи за можни врски со екстремисти во регион познат по неколку исламистички бунтови.
Барет рече дека полицијата ќе продолжи да ги истражува нивните причини за престој во Давао, град на Филипините, каде што снимките од надзорните камери покажуваат дека едвај го напуштиле својот хотел за време на нивната посета.
„Сакам да бидам јасна – не имплицирам дека биле таму за туризам“, рече таа.
Полицијата верува дека двајцата со месеци внимателно го планирале нападот и објавиле снимки од нив како вежбаат со огнено оружје во едно австралиско село. Двајцата мажи, исто така, снимиле видео во октомври во кое ги осудуваат „ционистите“ додека седат пред знамето на Исламската држава, според полицијата.
Соочени со шокот од најлошото масовно пукање во Австралија во последните повеќе од 30 години, владата објави планови за зајакнување на австралиските закони против екстремизмот и започнување програма за откуп на огнено оружје во оптек.
Околу 17 семејства на жртви го повикаа премиерот Ентони Албанез да покрене федерална комисија за истрага на „брзиот пораст на антисемитизмот“.
Свет
Трамп: Не се согласувам 100% со израелскиот премиер за Западниот Брег
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се согласуваат целосно по прашањето за Западниот Брег окупиран од Израел, при што републиканскиот лидер не објасни во што е несогласувањето, но дека „имаат разбирање“ за Сирија.
На прес-конференцијата по средбата на Трамп со Нетанјаху во Флорида, во неговиот имот Мар-а-Лаго, американскиот претседател беше прашан дали има порака за Нетанјаху за Западниот Брег и дали е загрижен дека насилството на доселениците на Западниот Брег може да го поткопа мирот.
„Имавме долга дискусија, голема дискусија за Западниот Брег. И не би рекол дека се согласуваме за Западниот Брег 100 проценти, но ќе дојдеме до заклучок“, им рече Трамп на новинарите.
„Не сакам да го правам тоа, ќе биде објавено во соодветно време“, одговори тој кога беше прашан во што е несогласувањето меѓу нив. „Нетанјаху ќе го стори она што е правилно“, додаде Трамп.
Израел е под зголемен меѓународен притисок да ги ограничи нападите на доселениците врз Палестинците на Западниот Брег. Обединетите нации, Палестинците и повеќето земји ги сметаат населбите за нелегални според меѓународното право, но Израел го оспорува ова, наведувајќи библиски врски со областа и безбедносни проблеми. Околу половина милион израелски доселеници живеат на Западниот Брег.
Високиот суд на Обединетите нации минатата година пресуди дека израелската окупација на палестинските територии и населби таму е нелегална и треба да се прекине.
Во врска со Сирија, Нетанјаху рече дека Израел сака да обезбеди мирна граница со соседната земја. „Во наш интерес е да имаме мирна граница со Сирија“, рече тој. Трамп рече дека САД и Израел имаат „разбирање за Сирија“. „Сигурен сум дека Израел и тој (сирискиот претседател Ахмед ал-Шара) ќе се сложуваат. Ќе се обидам да ги натерам да се сложуваат“, рече тој.

