Свет
(Видео) Напаѓачот на Конгресот со нож тргнал кон полицајците, но службите веруваат дека не се работи за тероризам
Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека е поразен од веста дека еден полицаец загина, а друг е ранет во нападот што се случи на безбедносен контролен пункт кај Капитол, седиштето на Конгресот, соопшти Белата куќа.
Бајден посочил дека ги добива најновите извештаи поврзани со инцидентот и ќе продолжи да го следи напредокот на истрагата.
Според соопштението, Бајден наредил знамињата на Белата куќа да се спуштат на половина копје во чест на полицаецот Вилијам Еванс, кој беше убиен во нападот. Еванс, 18 години работел како припадник на безбедносните сили.
И претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси, исто така наложила знамињата да се спуштат на половина копје, најавувајќи ја целосната подготвеност на Конгресот да соработува со полицијата во истрагата. Таа го нарече убиениот полицаец „маченик за демократија“.
BREAKING: At least 1 person down outside the U.S. Capitol pic.twitter.com/kz4Opkbmc6
— BNO News (@BNONews) April 2, 2021
Напаѓачот, кој вчера влета во барикадите во близина на Капитол во Вашингтон, починал од повредите откако бил застрелан од полицијата, но претходно повредил двајца чувари на редот, од кои еден полицаец загинал, пренесува АП .
Неименуван претставник од службите за безбедност претходно потврди дека најмалку еден полицаец е повреден со нож.

Полицијата објави дека во нападот на Капитол, еден полицаец им подлегнал на повредите, а друг е ранет, додека напаѓачот убиен. И покрај жестокоста на нападот, полицијата верува дека инцидентот не е поврзан со тероризам.
„Осомничениот се залетал со својот автомобил и удрил во двајца наши колеги кога налетал на бариерата“, соопшти шефицата на полицијата во Капитол, Јогананда Питман за инцидентот. Осомничениот потоа излегол од автомобилот со нож во раката и се упатил кон полициските службеници, по што тие пукале и напаѓачот бил убиен. Полицаецот Вилијам Еванс им подлегнал на повредите по инцидентот.

Настанот се случил на околу 100 метри од влезот во зградата на Конгресот, а напаѓачот и тешко повредениот полицаец пред да им подлегнат на повредите биле пренесени во болница.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Вашингтон пост“ објави дека осомничениот е црномурестиот Ноа Грин (25) и дека бил пријавен во Вирџинија.

Во објава на сега избришаната страница на „Фејсбук“, Грин кон средината на март напишал дека неодамна ја напуштил работата „делумно поради проблеми, но на крајот во потрага по духовно патување“. Тој исто така напишал дека страда од несакани ефекти од лекови кои несвесно ги земал. Исто така напишал за неговиот интерес за црната националистичка религиозна организација „Нација на исламот“, пренесува Би-би-си.
Полицијата верува дека инцидентот не е поврзан со тероризам, но најави дека ќе спроведе истрага.
„Изгледа дека нападот не е поврзан со тероризам, но ние ќе продолжиме да истражуваме“, изјави началникот на полицискиот оддел во Вашингтон, Роберт Контри. Тој исто така рече дека напаѓачот се чини дека дејствувал сам.
Зградата на Конгресот беше под опсада на 6 јануари, кога приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп предизвикаа немири во кои беа убиени пет лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

