Свет
(Видео) Напаѓач избодел луѓе на улица во Белгија, неколку часа по нападот во Лондон

Непознато лице е застрелано од полицијата во белгискиот град Гент, откако претходно избодело двајца случајни минувачи. Странските медиуми јавуваат дека напаѓачот била жена.
A stabbing attack was reported in #Gent #Gant in #Belgium ?? northwest on Sunday, according to Belgian media
The attacker assaulted two people and was shot by police. It is unclear whether there are injuries in the incidenthttps://t.co/UoH3ZOyfNQhttps://t.co/7rsd85FC2Q pic.twitter.com/iZICgAJgDG
— Saad (@SaadAbedine) February 2, 2020
Таа била погодена во раката и потоа уапсена. Еден од минувачите е повреден во стомакот, а другиот во рака, но не е познато во каква состојба се наоѓаат, ниту пак се знае мотивот за нападот.
„Истрагата е во тек, ќе дадеме информација подоцна“, изјави јавен обвинител.
#Update: The attacker in #Ghent, #Belgium was reportedly hit in the hand. Whether the victims he attacked with his knife suffered injuries is not clear. pic.twitter.com/utqbCgSHXO
— ISCResearch (@ISCResearch) February 2, 2020
Инцидентот се случува само неколку часа по терористичкиот напад во Лондон, каде напаѓач беше убиен од полицијата откако претходно избоде со нож две лица во лондонската област Стритхем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ најави летачки автомобили во Србија: „Доаѓаат следната година“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пофали воената моќ на Кина во Пекинг, најави средба со Шји Џинпинг и воена парада во Белград на 20 септември, а исто така коментираше и за односите со другите земји и критиките од опозицијата во Србија, пишува Blic.rs.
Вучиќ рече дека воената парада во Кина покажа „стратешка компаративна предност во однос на другите земји, па затоа многумина беа изненадени од она што го видоа“. Тој особено нагласи дека сите беа изненадени од „системите DH-5, стратешките нуклеарни ракети“, додаде Вучиќ.
Тој исто така рече дека разговарал со претставници на 11 кинески компании и најави дека „тестирањето на летачки автомобили ќе започне во Србија следната година“.
Свет
ОН: Најмалку 21.000 палестински деца имаат попреченост од почетокот на војната во Газа

Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост (CRPD) денес објави дека најмалку 21.000 деца во Појасот Газа имаат некаков вид попреченост како резултат на војната меѓу Израел и Хамас, која трае речиси две години.
„Околу 45.500 деца претрпеле повреди предизвикани од војната“, додаде експертскиот комитет на ОН, кој се состанува двапати годишно во Женева.
CRPD нагласува дека Израел мора да спроведе посебни мерки за заштита на децата со попреченост од напади и да спроведе протоколи за евакуација на населението имајќи ги предвид лицата со попреченост. Во спротивно, смета CRPD, израелските повици за евакуација во Газа „честопати не стигнуваат“ до луѓето кои страдаат од оштетување на слухот или видот, што ја прави евакуацијата невозможна.
Експертите посочуваат на друг проблем поврзан со евакуацијата, а тоа е дека лицата со попреченост се „принудени да бегаат во опасни и недостоинствени услови, како што е лазење по песок или кал без помагала за движење“.
Лицата со попреченост, исто така, страдаат непропорционално од недостаток на храна, вода за пиење и недостаток на санитација и се зависни од други за преживување. Комитетот соопшти дека бил информиран дека најмалку 157.114 лица биле повредени помеѓу почетокот на војната на 7 октомври 2023 година и 21 август 2025 година, од кои повеќе од 25 проценти би можеле да имаат доживотни попречености.
Свет
Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најсериозниот воен злосторник на нашето време“.
Во интервју емитувано вчера Мерц нагласи дека нема простор за попустливост за таквите луѓе.
Putin ist ein Kriegsverbrecher. Er ist vielleicht der schwerste Kriegsverbrecher unserer Zeit, den wir im großen Maßstab sehen. Wir müssen uns darüber im Klaren sein, wie man mit Kriegsverbrechern umgeht: Da ist Nachgiebigkeit fehl am Platz.
— Bundeskanzler Friedrich Merz (@bundeskanzler) September 2, 2025
Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби што би можеле да се сметаат за воени злосторства.
На прашањето на новинарите за време на посетата на Кина за предлогот на Мерц за одржување мировни преговори во Женева, портпаролот Дмитриј Песков рече дека речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите неодамнешни изјави.
Иако Мерц претходно ја обвини Русија како држава за сериозни воени злосторства и тероризам против цивилното население за време на неговиот мандат како канцелар, директното етикетирање на Путин како потенцијално најлош воен злосторник на нашето време означува невидена ескалација во неговата реторика.
Коментарите на Мерц доаѓаат во време кога продолжуваат меѓународните правни постапки против Путин. Во март 2023 година Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател под сомнение за нелегално депортирање деца од Украина.
Постоењето на налогот за апсење значително ги комплицира дипломатските напори. На пример, австриското Министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу украинските и руските лидери. Виена посочи дека би можела да се консултира со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне апсењето на Путин за време на евентуална посета.
Фото: ЕПА