Свет
(Видео) Насилни протести против претседателот во Перу: еден мртов, прогласена вонредна состојба
Најмалку едно лице беше убиено, а десетици полицајци беа повредени во широките ноќни протести во Перу против претседателот Хозе Хери, кој ја презеде власта пред само неколку дена, соопшти канцеларијата на народниот правобранител.
Владата ќе прогласи вонредна состојба во главниот град Лима во рок од неколку часа и подготвува пакет-мерки за справување со растечката несигурност, изјави премиерот Ернесто Алварез на прес-конференција доцна синоќа.
🇵🇪WATCH:
Visuals from Peru show Gen Z led protests turning violent in front of the Congress building in Lima, with clashes leaving at least one dead and over 70 injured, including police officers.
The demonstrations erupted less than a week after José Jeri took over as interim… pic.twitter.com/xWxkZGJKyP
— Aares (@aares0205) October 16, 2025
Протестот, свикан од демонстрантите од младата генерација Z, транспортните работници и граѓанските здруженија, беше најновиот во серијата демонстрации против корупцијата и растечкиот криминал во земјата, што доведоа до драматично соборување минатата недела на поранешната претседателка Дина Болуарте, на која едногласно ѝ беше изгласана недоверба и разрешување од функцијата од страна на перуанскиот Конгрес.
Илјадници демонстранти се собраа во целата земја, а стотици се судрија со полицијата пред Конгресот во Лима. Полицијата фрли солзавец, а некои фрлаа огномет, камења и запалени предмети. „Сите мора да си одат!“, извикуваа демонстрантите додека пристигнуваа во Конгресот и се обидуваа да ги срушат металните бариери што ја штитеа зградата, што доведе до судири.
Едуардо Маурисио Руиз (32) беше убиен за време на протестот и неговата смрт ќе биде истражена, изјави Фернандо Лосада, портпарол на Канцеларијата на народниот правобранител. Канцеларијата на перуанскиот обвинител соопшти дека Руиз починал откога бил застрелан.
Претседателот го изрази своето жалење за смртта на Руиз во објава на „Икс“ велејќи дека смртта ќе биде истражена објективно. Тој ги обвини за насилството „деликвентите што се инфилтрирале во мирните демонстрации за да посеат хаос“. „Врз нив ќе биде применета целосната сила на законот“, напиша тој.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

