Свет
(Видео) Најмалку 18 тела се пронајдени по авионската несреќа во САД

Според извештајот од САД, службите за итни случаи извлекле најмалку 18 тела.
Цитирајќи полициски функционер, Си-Би-Ес Њуз додаде дека сè уште не се пронајдени преживеани.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека синоќешниот настан е „апсолутно трагичен“.
Latest below. Absolutely tragic. Search and rescue efforts still ongoing. Prayers for all impacted souls, and their families.
Investigation launched immediately by Army & DoD. pic.twitter.com/WdUnYV4UJz
— Pete Hegseth (@PeteHegseth) January 30, 2025
Во објава на Икс, тој истакна дека во тек е акција за пребарување и спасување и дека Министерството за одбрана веднаш покренало истрага.
Ен-би-си њуз: Авионот се подели на половина
Ен-би-си њуз јавува дека авионот е под два метри вода и се скршил на половина.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
Дописникот на Ен-би-си, Том Костело, рече дека хеликоптерот завршил на покрив.
Тој потврди дека нуркачи се во реката и трагаат по жртви или преживеани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Важно е да се дејствува, а не да се зборува, му порача Илон Маск на Зеленски по објавта дека е подготвен за мировни преговори под водство на Трамп

Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност за мировни преговори под водство на американскиот претседател Доналд Трамп, стигна реакцијата на Илон Маск.
„Важно е да се дејствува, а не да се зборува. Ќе видиме какви акции ќе следат“, рече Маск, коментирајќи ја изјавата на Зеленски.
Зеленски претходно изјави: „Би сакал да ја повторам посветеноста на Украина за мир. Никој од нас не сака бескрајна војна. Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците“.
Украинскиот претседател истакна дека тој и неговиот тим се подготвени да работат под силно водство на претседателот Трамп за да се постигне мир.
Зеленски, исто така, изрази благодарност за американската помош досега и жалење за исходот од средбата во Овалната соба кога дојде до расправија со претседателот на САД.
Свет
„Би-Би-Си“: Зеленски попушти со еден твит

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски за време на расправијата во Белата куќа дека „нема карти во рацете без Америка“.
Би-Би-Си во својата кратка анализа пишува дека реалноста сега се чини станала јасна, неколку часа откако Вашингтон ја прекина сета воена помош за Украина.
„Во еден твит, Зеленски попушти – барем кога станува збор за американскиот претседател, ако не и за Русија. Сепак, тој изрази подготвеност да размисли за делумен прекин на огнот – во воздух и во море – доколку Москва го стори истото“, пишува дописникот на Би-Би-Си за Европа, Дени Аберхард.
Тој повторно се заблагодари на Америка, конкретно спомнувајќи го Трамп, за нејзината претходна помош и рече дека е подготвен да потпише договор со САД за минерали.
„Украина издржа тригодишна сеопфатна инвазија на нејзиниот непријател Русија. Но, дејствијата на сојузниците ја оставија разоткриена нејзината слаба страна – радикалната промена во надворешната политика на САД под претседателот Трамп“, заклучува Би-Би-Си во својата анализа.
Свет
Полскиот премиер: Американскиот прекин на воената помош за Украина веќе стапи на сила

Прекинот на испораките на американската помош за Украина веќе стапи на сила, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.
„Извештаите што ги добивме од границата, од нашиот центар во Јасионка, ги потврдуваат најавите на Американците“, изјави Туск во Варшава.
Полската новинска агенција ПАП пренесува дека Туск рекол дека „нема причина да се мисли дека американските најави се само празни зборови“.
Аеродромот кој се наоѓа во југоисточна Полска, и железничката линија што води оттаму до блиската Украина се сметаат за најважни транспортни патишта за европските и американските воени резерви за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, обично го користи овој аеродром за своите патувања во странство.
„Се разбира, ова ги става Европа, Украина и Полска во потешка позиција, но мораме да се соочиме со новата ситуација“, рече Туск, додавајќи дека неговата влада во наредните денови и недели ќе донесе некои одлуки кои би можеле да се наречат „вонредни“ и ќе имаат потреба од целосна поддршка.
Тој исто така рече дека во овој момент треба да се избегнуваат бесмислени дискусии.
Доналд Трамп во понеделникот објави дека американската администрација привремено ја прекинува својата воена помош за Украина, земја која Русија ја нападна пред повеќе од три години.