Свет
(Видео) Најмалку 4 загинати во терористичкиот напад во Виена, убиен е еден терорист
Најмалку четири лица, двајца мажи и две жени, беа убиени во истовремени терористички напади синоќа во центарот на Виена на шест различни локации, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.
Австрија помина непроспиена ноќ, а жителите беа заклучени во своите куќи додека траеше потрагата по терористи.
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Неамер, на утринската прес-конференција презентираше нови информации за нападот, информирајќи дека станува збор за тероризам.
Shocking news coming in from #Vienna in #Austria tonight as gunman has shot dead 7 people close to a synagogue and the offices of the Jewish community. Austrian media reporting there is large-scale police operation now taking place.
At least one of the dead maybe police officer. pic.twitter.com/x93ZgK4kWD
— James J. Marlow (@James_J_Marlow) November 2, 2020
Рече дека околу 15 лица се повредени, некои од нив се со исклучително сериозни повреди и се наоѓаат во болници.
Еден од напаѓачите е убиен во акцијата на полицијата и армијата. Министерот Немер објасни дека напаѓачот бил симпатизер на Исламската држава и дека бил извршен претрес во неговата куќа и по тој повод бил одземен видеоматеријал.
Islamic terrorist attack a short while ago in Vienna!!!
7 dead so far.R.I.P#vienna #rip #Austria pic.twitter.com/kSdemFxClx
— Noor Alattar – نور العطار (@Noorattaar) November 2, 2020
Портпаролот на полицијата, Харалд Серес, рече дека полицијата претпоставува дека имало најмногу четири напаѓачи, но тој посочи дека истрагата е во тек.
Се анализираат добиените видеоматеријали, како и изјавите на сведоците.
BREAKING – One more #Vienna terrorist dead, another terrorist reported blew himself up with an explosive belt. The situation is still developing. Reports of shots at the #Hilton hotel, and a hostage situation at a restaurant. #Vienna #Terror #viyana #police pic.twitter.com/WFB2g5illC
— Have you seen before ? (@lookathetruth) November 2, 2020
Напаѓачот кого го убила полицијата имал автоматска пушка, пиштол и мачета со себе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

