Свет
(Видео) Незапаметени поплави во Индонезија: 440 мртви, повеќе од 400 лица се водат за исчезнати
Азија е погодена од разорни поплави, кои одзедоа стотици животи и загрозија милиони луѓе. Во Индонезија спасувачките екипи се тркаат со времето за да пронајдат најмалку 400 исчезнати лица за кои се стравува дека се закопани во лизгање на земјиштето откога циклонските дождови го опустошија регионот пред речиси една недела.
Властите потврдија дека бројот на жртви само на островот Суматра надмина 440, а бурите и обилните дождови на Тајланд, во Малезија, на Филипините и на Шри Ланка убија повеќе од 900 луѓе овој месец.
Heart-breaking devastation in North Sumatra, Indonesia 💔🇮🇩. At least 442 dead after floods and landslides hit Huta Garoga. The aftermath looks like a tsunami, leaving communities in shock.#ClimateImpact #EmergencyAidpic.twitter.com/L7nxvq601g
— Naji Ali (@naji1_ali) December 1, 2025
Индонезија е погодена од исклучително редок тропски циклон, Сенјар, кој предизвика катастрофални лизгања на земјиштето, однесе домови и поплави илјадници згради. Според Националната агенција за управување со катастрофите, луѓе се водат за исчезнати во провинциите Ацех, Северна Суматра и Западна Суматра. Помошта се испраќа по воздушен и морски пат, но некои села сѐ уште се отсечени, а има и извештаи за кражба на храна и вода, објавува Би-би-си.
The number of people killed by floods and landslides in Indonesia has risen to 442https://t.co/tTyl0URZKz
— پولیس راډیو / Policeradio.af (@MOIPoliceRadio) December 1, 2025
Уништувањето е предизвикано од исклучително голем и долготраен систем на грмотевици, изјави Ерма Јулихастин, експерт за клима во Националната агенција за истражување и иновации на Индонезија. Таа истакна дека просечните месечни врнежи од дожд за погодените области се приближно 150 мм, а некои области ја регистрирале таа количина само за еден ден.
„Ако падне над 100 мм за еден ден, тоа е екстремно, особено ако достигне 200 мм“, рече Јулихастин. Според неа, на 23 ноември на западниот брег на Суматра паднале 160 мм дожд, а еден ден подоцна, на 24 ноември, дури 226 мм.
Devastating footage aftermath of terrible floods in Huta Godang, South Tapanuli, North Sumatra, Indonesia 🇮🇩 pic.twitter.com/efDxr5lQlW
— Disaster News (@Top_Disaster) November 30, 2025
Југоисточна Азија се соочува со некои од најлошите поплави во историјата. Покрај Индонезија, циклонот Сенјар донесе обилни дождови и лизгање на земјиштето на Тајланд и во Малезија, каде што загинаа 170 лица. Уште три лица загинаа во Виетнам додека се приближуваше тропската бура Кото, а претходно минатиот месец дождовите во таа земја веќе одзедоа најмалку 90 животи.
фото/епа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

