Свет
(Видео) Непријатен момент: Урсула фон дер Лајен остана без стол на средбата со Ердоган
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не доби столче на кое може да седи за време на разговорот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пишува „Вашингтон пост“.
Видеото, кое беше објавено на интернет, покажува дека шефицата на Европската комисија нема каде да седи во салата каде што се одржувал состанокот, затоа што се поставени само два стола, од кои на едниот седнал претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
На крајот, Фон дер Лајен се сместила на диван, наспроти министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, што според дипломатскиот протокол значи понизок ранг.
Инаку, тоа место, за време на такви состаноци, им припаѓа на преведувачите и на другите учесници на состанокот. Членката на Европскиот парламент Софи ин ‘т Велд смета дека тоа не било случајно.
And no, it wasn’t a coincidence it was deliberate.? Why was @eucopresident silent? https://t.co/LvObcyGpmL pic.twitter.com/dLUxuUr5B9
— Sophie in ‘t Veld (@SophieintVeld) April 6, 2021
„Тоа беше намерно … Зошто @eucopresident не стори ништо?“, напиша таа на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Вознемирувачко видео) Луѓе бегаат во паника од пожарот во Швајцарија
Снимка што кружи на социјалните мрежи покажува луѓе како бегаат во паника од барот во ски-центар во Швајцарија во кој на новогодишната ноќ избудна пожар.
Некои избегале низ прозорци, додека излезот бил преполн со луѓе. Според досегашните информации, се чини дека објектот немал доволно излези за итни случаи.
View this post on Instagram
Според последните информации во пожарот загинаа најмалку 47 лица, а над 100 се повредени во пожарот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана. Несреќата се случи рано наутро за време на новогодишната ноќ. Пожарот избувнал околу 1:30 часот по локално време во барот Le Constellation, а причината сè уште не е позната, објавува BBC.
фото: ЕПА
Свет
Трамп: Земав повисоки дози аспирин, затоа имам модринки
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека зема поголеми дози аспирин од оние што му ги препорачале лекарите, наведувајќи дека тоа е причината за видливите модринки на рацете, кои повторно покренаа прашања за неговото здравје во последните месеци.
„Велат дека аспиринот е добар за разредување на крвта, а јас не сакам густа крв да ми тече низ срцето. Сакам убава, ретка крв. Дали тоа има смисла?“, рече Трамп во интервју за „Волстрит Журнал“ (WSJ).
Американскиот претседател изјави и дека лекарите го советувале да зема помала доза, но дека тој зема поголема доза со години, истакнувајќи дека тоа може да предизвика модринки.
Во интервјуто, Трамп зборуваше и за медицинското снимање извршено во октомври, наведувајќи дека не станува збор за магнетна резонанца, туку за компјутеризирана томографија, која, според лекарите, е спроведена за да се исклучат кардиоваскуларни проблеми и дала добри резултати.
Претседателот, исто така, потврди дека има проблеми со оток на долниот дел од нозете, за што Белата куќа претходно објави дека е резултат на хронична венска инсуфициенција, како и дека не сака да носи компресивни чорапи или да се занимава со редовна физичка активност.
Кога беше прашан за ситуации кога изгледал поспан на јавни настани и за својот слух, Трамп одговори дека не заспива, но дека понекогаш ги затвора очите затоа што му е удобно, додека проблемите со слухот ги опиша како минимални.
Според CNN, интервјуто се смета за еден од најобемните разговори што Трамп ги имал со новинарите за неговото здравје, во време на зголемено внимание на јавноста поради неговата возраст, способноста за извршување на своите должности и транспарентноста во врска со медицинските податоци.
Модринки на неговата десна рака се забележани и претходно, но тие добија дополнително внимание откако се обиде да ги покрие со шминка и завои.
Личниот лекар на Трамп, Шон Барбабела, изјави за WSJ дека тој зема 325 милиграми аспирин дневно.
Медицинските експерти наведуваат дека аспиринот го намалува згрутчувањето на крвта, но го зголемува ризикот од крварење, поради што секојдневната употреба кај постарите лица се препорачува сè помалку во последните години.
Професорот по медицина од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Џонатан Рајнер, оцени дека презентираните информации покренуваат повеќе прашања отколку одговори, наведувајќи дека е невообичаено една таблета аспирин дневно да предизвика такви модринки, пренесува Танјуг. Барбабела, од друга страна, рече дека Трамп „останува во исклучителна здравствена состојба“, нагласувајќи дека медицинските наоди покажуваат одлично метаболичко и кардиоваскуларно здравје.
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО
Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави за словачката новинска агенција „TASR“ дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и остро ги критикуваше постапките на групата земји што ѝ помагаат на Украина.
Според него, Европската Унија не треба да се меша во прашањата за колективна одбрана бидејќи оваа работа треба да остане во надлежност на НАТО. Тој верува дека постоењето на два командни системи не може да обезбеди ефикасна одбрана.
Калињак, исто така, предупреди дека евентуалната заедничка европска армија би претставувала важен чекор кон федерализација на Европа. „Или сме во НАТО и тогаш не ни треба, или сме во Европа“, рече тој.
Тој го повтори својот став дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и додаде дека ќе има проблеми и со приклучувањето кон Европската Унија. Калињак рече дека коалицијата не направила ништо конкретно. „Дали испратила војници? Не. Секако дека не“, нагласи тој.

