Свет
(Видео) Нетанјаху алудира на нова инвазија на Појасот Газа по ноќта со прекуграничен оган
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија може да почне нова офанзива на Појасот Газа како одговор на ракетните напади на нејзината територија кои се интензивираа во понеделникот предизвикувајќи огромен одмазднички напад од Израел, пренесува РТ.
Нетанјаху, кој требаше да зборува на конференцијата за политички прашања на Американско-израелскиот комитет за односи со јавноста (АИПАК) во вторникот, рано ја заврши својата посета на Вашингтон поради извештаите за ракетниот напад врз Израел од територијата на Појасот Газа контролирана од Хамас.
Качувајќи се на авионот за Израел во понеделникот, Нетанјаху прикриено се закани со целосна инвазија на Појасот Газа.
„Дадовме многу силен одговор и Хамас треба да знае дека нема да се двоумиме да влеземе и да ги преземеме сите неопходни чекори“, рече тој.
Седум лица биле повредени кога една од ракетите удрила во куќа северно од Тел Авив во понеделникот утрото.
Израел почна одмазднички напади врз, како што се тврди, елементи од инфраструктурата на Хамас во Појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја уништиле канцеларијата на лидерот на групата, Исмаил Ханије, како и наводното седиште на военото разузнавање и на службите за внатрешна безбедност.
Part of the Israeli occupation warplanes' targets in #Gaza Strip last night! pic.twitter.com/JBqwgNeIDA
— Quds News Network (@QudsNen) March 26, 2019
Двете страни продолжија да разменуваат оган во текот на денот и ноќта. ИДФ, кој го обвини Хамас за нападот, во понеделникот вечерта изјави дека палестинските милитанти го таргетирале јужниот дел на Израел со десетици ракети.
Според портпаролот на ИДФ, палестинските милитанти истрелале 30-ина ракети кон Израел по 22 часот, токму кога требаше да стапи во сила прекинот на огнот што го договори Египет. Дел од проектилите, наводно, паднале во ненаселени области. Не се пријавени жртви.
Израел не го коментира примирјето постигнато, наводно, со посредство на Египет претходно истиот ден, а портпаролот на Хамас го потврди договорот во изјавата.
Во текот на ноќта израелската војска соопшти дека таргетирала уште 15 цели во северниот дел на Појасот Газа, што ги опиша како засолништа на разни милитантни групи, вклучувајќи ги и милитантите на тврдокорниот исламски џихад во градот Беит Лахија, објави „Хаарец“.
Во меѓувреме палестинските медиуми информира дека израелските напади биле насочени кон неколку станбени области предизвикувајќи пожар во џамијата во Беит Ханун.
Засилувањето на насилството ги врати стравувањата од нова голема војна во Појасот Газа, која се заканува на помалку од две недели пред парламентарните избори во Израел. Портпаролката на израелската армија, Мика Лифшиц, во понеделникот рече дека Израел ќе размести две оклопни и пешадиски бригади на фронтот во Појасот Газа и повика резервни војници.
Последен пат кога израелската војска го нападна Појасот Газа беше во јули 2014 година кога Тел Авив го обвини Хамас за киднапирање и убиство на тројца израелски студенти пронајдени убиени на Западниот Брег. Седумнеделниот упад резултира со повеќе жртви меѓу Палестинците. Според разни процени, биле убиени повеќе од 2.100 Палестинци и 71 Израелци. Илјадници Палестинци беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

