Свет
(Видео) Новите напади врз сириските бази предизвикале земјотрес, кој се почувствувал и во Турција
Сириската армија објави дека синоќа повторно биле бомбардирани неколку нејзини воени бази, поконкретно во околината на Алепо и Хама. Експлозиите биле толку силни што наводно предизвикале земјотрес, кој бил регистриран во неколку соседни земји.
„Сирија е изложена на нова агресија. Неколку воени бази во провинциите Хама и Алепо беа погодени од непријателски проектили во 22.30 часот по локално време“, соопштил извор од сириската војска за државната телевизија, без да даде дополнителни детали.
Giant explosion in #Syria, measuring over 2 on the Richter scale, which local press are reporting as an Israeli air strike on the 47th military brigade compound in South #Hama, picked up on earth quake monitors in Lebanon and Turkey. Image from local press https://t.co/gAiBNFhSVK pic.twitter.com/xBmvADHDpw
— WikiLeaks (@wikileaks) April 29, 2018
Како што е соопштено од страна на „Ројтерс“, опозицискиот активист Басам Џара изјавил дека една од локациите што биле гранатирани е воената база „Бригада 47“ во близина на градот Хама, која, како што кажал, е познат центар за регрутирање шиитски секташки паравоени групи, поддржани и контролирани од страна на Иран, а кои се борат заедно со редовната сириска армија.
Second video taken much closer, from approximately 1km away, with women screaming. pic.twitter.com/Q3VOA0Lt4f
— WikiLeaks (@wikileaks) April 30, 2018
Џара објавил и фотографија од жестокиот напад, а организацијата „Викиликс“ на „Твитер“ исто така објави слика од огромната експлозија, која, според податоците, можела да се слушне и надвор од границите на Сирија. Сеизмолозите, по нападот, регистрирале земјотреси во Турција и Либан, со јачина од над два степена според Рихтер, објави „Викиликс“.
Уште еден неименуван извор од разузнавачката заедница тврди дека биле гранатирани неколку командни центри на паравоената милиција под контрола на Иран и дека во нападот има десетици мртви и повредени. Бидејќи ракетите биле насочени и кон објекти за складирање оружје, можеле да се слушнат и дополнителни експлозии.
Сириската опсерваторија за човекови права извести дека најмалку 26 прорежимски борци, повеќето Иранци, загинале во воздушните напади, најверојатно, изведени од израелската армија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.
Свет
Иран се закани со напади врз САД и Израел: „Ќе удриме со сила каква што не доживеале“, Трамп одговори
Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“.
„Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс.
YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE THAT THEY HAVE NEVER EXPERIENCED BEFORE.
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 1, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со предупредување преку социјалните мрежи, наведувајќи дека ако Иран нападне посилно од кога било, САД ќе возвратат „со сила каква што никогаш не виделе“.
Откако претходно објави дека во американско-израелските напади бил убиен врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Трамп оцени дека тоа претставува правда и порача дека Иран има најголема шанса да си ја врати земјата.
Тој додаде дека, според негови информации, дел од припадниците на Иранската револуционерна гарда и безбедносните структури не сакаат повеќе да се борат и побараа имунитет, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочат со смрт.
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

