Свет
(Видео) Нов бран израелски напади во Иран, погодена зграда во близина на фабриката Фордоу
Во текот на изминатата ноќ две лица загинаа, а четворица се повредени во напад на станбена зграда во иранскиот град Ком, според извештаите на иранските државни медиуми, пренесува Си-Ен-Ен.
Во нападот беше погоден четвртиот кат од зградата, а тоа се случи набрзо откако израелските одбранбени сили објавија дека почнале нов бран напади врз Иран.
Градот Ком се наоѓа во близина на тајниот ирански капацитет за збогатување ураниум Фордоу.
Неофицијално, Саид Изади, командант на палестинскиот корпус во иранските сили Кудс, наводно бил убиен во стан во градот Ком. Исто така, според неофицијални разузнавачки информации (RUMINT), генерал-мајор Абдул Рахим Мусави, новоименуваниот началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран, наводно бил убиен во израелски воздушен напад во областа Саларије во Ком, како дел од операцијата наречена „Раскрет лав“.
#Breaking. According to rumor intelligence (RUMINT), the Major General Abdul Rahim Mousavi, the newly appointed Chief of Staff of the #Iran‘s Armed Forces, was successfully eliminated by the #Israel Air Force in Salariyeh neighborhood of #Qom. #OperationRisingLion https://t.co/5zUfzg69by pic.twitter.com/PsQ1UAgfsV
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) June 21, 2025
Си-Ен-Ен го лоцираше видеото што покажува оштетување на зграда во југозападен Ком. На видеото се гледа како гори пожар на горните катови на повеќекатница.
Во исто време, полуофицијалниот Nour News објави дека противвоздушните системи се активирани над главниот град Техеран, 130 километри северно од Ком.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

