Свет
(Видео) Норвешката полиција ќе интервенира против навредата на верските симболи
Ново толкување на Законот за говор на омраза во Норвешка, делумно втемелено на стравот од одмазда, значи дека полицијата ќе интервенира против навредата на верските симболи, како што е Куранот, пренесува „Спутник“.
Неодамнешниот пример на горење на Куранот од страна на „Стоп за исламизацијата на Норвешка“ (СИАН) во градот Кристијансанд, прв во Норвешка, иницираше жестока дебата за прифатливоста на ваквите активности и за судирот меѓу слободата на говорот и слободата на религија.
Полицијата на крајот интервенирала и го прекинала протестот на СИАН по тепачката меѓу активистите и нивните противници, постапувајќи по новата експлицитна наредба од полицискиот директор Бенедикт Бјорнланд, објави норвешкиот радиодифузер НРК.
„Повредата на Куранот, во даден контекст, може да биде повреда на делот за говорот на омраза од Кривичниот законик“, рече Бјорланд.
Тој посочи дека случаите на палење на сите религиски симболи мора да се третираат подеднакво и правилно.
Kortversjonen av koranbrenningen
✌ @Sian @EdbRegadog pic.twitter.com/i9DtfBLfnB— Lena Andreassen (@AndreassenLena) November 18, 2019
„Пораката е: ако сé уште го правите тоа, ние ќе ве спречиме. Секој треба да зборува сè додека не ги крши законите, во случајов Кривичниот законик. Ние не сме полиција за мислење, но имаме насоки и кога ќе видиме кршење на дадените упатства, интервенираме“, рече Бјорланд, признавајќи дека оценката дали да се интервенира во слободата на изразување и собирање е сериозен проблем.
Важна причина за новото толкување е проценката на заканата од Полициската служба за безбедност (ПСТ) дека јавното палење на Куранот би можело да доведе до сериозни одмазднички напади против Норвешка.
„Точно е дека во последните месеци ПСТ се загрижени за последиците што палењето на Куранот може да ги има. Ние го гледаме тоа како иницијална каписла за насилни дејства и ѝ дадовме опис на состојбата на полицијата “, рече високиот советник на ПСТ, Мартин Берсен.
Сепак, полициската наредба не е насочена само кон антиисламските провокации туку кон уништување на сите видови религиски симболи. По демонстрациите во Кристијансанд, еден член на СИА беше уапсен за непочитување на полициските наредби. Градоначалникот на Кристијансанд, Харалд Фуре, кој беше присутен за време на демонстрациите на СИАН, ги осуди дејствата.
„Посакувам полицијата да интервенираше порано и да го спречеше палењето“, рече Фуре.
Началникот на полицијата во областа Агдер, Мортен Сјустул, ги нарече ваквите дејства контроверзни, нагласувајќи дека тие предизвикуваат силен ангажман.
Лидерот на СИАН, Ларс Торсен, ја нарече акцијата добар начин да се визуелизира негативната моќ на исламот и јасно стави до знаење дека не треба да се исклучат повторувања на настаните.
„Стоп за исламизација на Норвешка“ датира од раните 2000 и тврди дека се спротивставува на ширењето на исламот зашто смета дека е тоталитарна политичка идеологија што ги крши норвешкиот Устав и демократските и човечките вредности.
Торсен не е непознат за политичките контроверзии откако неодамна доби казна затвор во траење од 30 дена и парична казна за дистрибуција на памфлети во главниот град на Норвешка во кои ги нарече муслиманите озлогласени сексуални предатори кои силуваат во епидемиски размери“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

