Свет
(Видео) Норвешки брод за крстарење со 396 луѓе налета на огромен бран – искршени стакла, прекин на струја
Норвешки брод за крстарење беше онеспособен во четвртокот во Северното Море откако остана без струја. Данските поморски власти во петокот изјавија за Си-ен-ен дека бродот MS Maud станал непловен откако силните ветрови ги скршиле стаклените прозорци и протекло вода предизвикувајќи привремен прекин на електричната енергија.
Hurtigruten Expeditions (HX) имаше малку поинаков приказ за причината за инцидентот велејќи за Си-ен-ен дека нивниот брод доживеал привремено губење на моќта во четвртокот откако наишол на силен бран. Бродот, со 266 гости и 131 член на екипажот, пловел за Тилбери, Обединетото Кралство од Флоро, Норвешка.
Бродот MS Maud пловел на речиси 193 километри од западниот брег на Данска во четвртокот кога се случил инцидентот, изјави портпаролот на данскиот Заеднички координативен центар за спасување (JRCC). Од JRCC не било побарано да ги евакуира патниците и членовите на екипажот поради што портпаролот верувал дека сè е во ред со оние што сè уште се на бродот.
A Norwegian cruise ship MS Maud sailing in the North Sea on Thursday lost its ability to navigate after it was hit by a rogue wave during a storm. All 266 passengers and 131 crew members are reported to be safe..#Norwegian #cruiseship #MSMaud #storm #roguewave #Sea pic.twitter.com/cfQFgA5vSO
— mishikasingh (@mishika_singh) December 25, 2023
„Од бродот е потврдено дека екипажот и гостите се безбедни и добро, состојбата на бродот останува стабилна и екипажот може да плови под нивна моќ“, изјави портпаролот доцна во петокот. Цивилниот брод бил стабилен со вклучени мотори; сепак, навигациските системи и радарот останале исклучени поради водата во системите, изјави портпаролот на JRCC претходно во петокот.
„Може да се маневрира преку системот за итни случаи, а во близина има два цивилни брода за поддршка „Есвагт“, додаваат тие. Рутата на бродот била променета по безбедносните проверки и техничките процени, а патниците сега ќе се симнат во Бремерхавен, Германија.
„Нашиот тим организира патување кон дома за гостите на бродот“, рече портпаролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

