Свет
(Видео) Објавена последната снимка од Пригожин: „За сите што прашуваат дали сум жив или мртов“

На социјална мрежа „Х“ објавено е последното видео од Пригожин, како што се тврди, додека бил на пат за Русија.
Водачот и основач на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загина минатата среда во авионска несреќа. Покрај него, загинаа уште девет лица, меѓу кои и самиот врв на организацијата.
Авионот на Пригожин полетал од аеродромот во Москва и требало да лета за Санкт Петербург, но се урнал за половина час.
Москва тврди дека ги идентификувала посмртните останки на Пригожин по што тој бил погребан на гробишта во Санкт Петербург во присуство на неговото семејство и силно обезбедување.
Се наведува дека ова е последното обраќање на Пригожин до јавноста во моментот кога од Африка се враќал во Русија.
„За сите оние што се прашуваат дали сум жив или не, и како ми е… Сега е викенд, втората половина на август 2023 година. Во Африка сум, па на фанатиците што размислуваат за мојата ликвидација да им порачам дека сѐ е во ред“, рече Пригожин во видеото.
Prigozhin's last video while he was on his way back to russia.
Maybe someone who speaks russian can verify if the translation matches. I don't trust it aince it was posted by the russian side.#Ukraine #Russia #War #NAFO #NATOpic.twitter.com/8SYLXzL1JM
— Jack ██████ (@JackFought_1) August 31, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.
Свет
(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на Унгарија, Будимпешта, на Парадата на гордоста.
Странските медиуми пренесуваат дека организаторите очекуваат рекордна посетеност за 30. издание на Парадата на гордоста во Будимпешта, и покрај полициската забрана која ја наметна националистичката Влада на премиерот Виктор Орбан.
Thousands of people are marching for pride in Budapest. A 200 pp @Amnesty delegation is here from around Europe. Against repression we stand and rise. We resist. This is trans-national civil disobedience. #BudapestPride pic.twitter.com/8qSYr1K0rC
— Agnes Callamard (@AgnesCallamard) June 28, 2025
Владината коалиција на Орбан годинава ги смени законите и уставот за да забрани годишно прославување, оправдувајќи го долготрајното потиснување на ЛГБТ-правата со повикување на “заштита на децата”. Орбан вчера изјави дека полицијата нема да ја разбие поворката, но дека оние кои учествуваат треба да бидат свесни за “правните последици“.
Организаторите на поворката ризикуваат да добијат до една година затвор, а учесниците можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Со последните законски измени, на власта и е дозволено да користи и технологија за препознавање лица.
Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.