Свет
(Видео) Објавена прва снимка од терористичкиот напад во Ерусалим: луѓето панично бегаат, се слушаат пукотници
Утрово, имаше терористички напад во Ерусалим, во кој има загинати и ранети.
Нападот се случил за време на утринскиот сообраќаен метеж, пренесува „Тајмс оф Израел“. Засега е познато дека 24-годишна девојка и 73-годишен маж биле убиени во нападот што се случил на автобуската станица на влезот во Ерусалим.
Сепак, „Џерусалим пост“ пренесува дека уште едно лице им подлегнало на повредите. На социјалните мрежи се појави видео од местото на терористичкиот напад утринава во Ерусалим.
חשד לפיגוע בשלוש זירות בכניסה לירושלים, יש נפגעים >>> https://t.co/GUMSACmKPB@VeredPelman @moyshis pic.twitter.com/VOkSjVPCSL
— כאן חדשות (@kann_news) November 30, 2023
Од ранетите еден е во критична состојба, три лица се тешко повредени, а три се со лесни и умерени повреди.
Израелската полиција соопшти дека „двајца терористи од источен Ерусалим, носејќи автоматска пушка ‘М16’ и пиштол утринава стигнале до раскрсницата во населбата Гиват Шаул во близина на влезот во западен Ерусалим и почнале да пукаат кон луѓето што биле во близина на автобуската станица.
Се наведува дека „двајца терористи биле убиени од безбедносните сили, но и еден цивил, кој случајно се нашол таму“.
Полицијата бргу го опколила местото на нападот и почнала потрага во областа за да се увери дека во близина нема други напаѓачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

