Свет
(Видео) Објавени снимки од израелскиот напад врз Иран
Објавени се снимки од синоќешниот напад врз воени локации во Иран во три бранови воздушни напади.
Израелската војска соопшти дека нападите биле насочени кон стратешки воени локации, вклучително и фабрики за производство на беспилотни летала и балистички ракети, како и противвоздушни батерии.
„Иран ги осудува израелските напади на своја територија и има право и должност да се брани“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.
На социјалните мрежи беа објавени снимки од израелскиот напад.
Експлозиите одекнаа во Техеран, а иранските власти ги уверија своите граѓани со пораки дека „воздушната одбрана работи“. По нападот, иранската армија извести дека во нападите загинале двајца војници.
Footage claimed to be of Explosions heard within the Iranian Capital of Tehran. pic.twitter.com/0QhPwpPP4z
— OSINTdefender (@sentdefender) October 26, 2024
Intense Air Defense Activity including Surface-to-Air Missiles and Anti-Aircraft Guns seen over Tehran, as Israeli Strikes against Iranian Military Targets continue. pic.twitter.com/weNWlKjL87
— OSINTdefender (@sentdefender) October 26, 2024
Iranian Air Defenses continuing to do absolutely nothing in the Sky over Tehran. pic.twitter.com/8TNjwjFl5q
— OSINTdefender (@sentdefender) October 26, 2024
The first video footage of Israel’s strikes on Iran has emerged. According to The Jerusalem Post, the Israeli army, the IDF, has launched a second wave of attacks.
The newspaper also claims that Israel used more than 100 warplanes in the attack, including the American model F-35… pic.twitter.com/cAU6wXq9GI
— Ignorance, the root and stem of all evil (@ivan_8848) October 26, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

