Свет
(видео) Огномет и солзавец на втората ноќ судири со полицијата во Париз поради смртта на мотоциклист
Тензиите беа високи на периферијата на Париз втора вечер по ред по смртта на тинејџерот мотоциклист за која бесното локално население ја обвини полицијата. Шест лица се уапсени, а десетици пожари биле запалени на улиците, пренесуваат локалните медиуми.
Групи млади излегоа на улиците на париското предградие Аргентуил во понеделникот во знак на протест поради смртта на Сабри Чуби. Чуби (18) почина откако се судри со бетонски столб во Аргентуил во саботата вечерта. Некои членови на заедницата тврдат дека тој се судрил со полициски автомобил.
#France
Angry protests erupted in Argenteuil of #Paris after an 18-year-old motorcyclist was killed in a crash following police chase late Sunday night. pic.twitter.com/hGbOKLjg58— th1an1 (@th1an1) May 18, 2020
Семејството на Чуби поднело формална жалба против полицијата, поттикнувајќи истрага за околностите на неговата смрт. Обвинителството во понеделникот објави дека првичните резултати од истрагата укажуваат оти нема докази за судир со полициско возило.
Во локалните медиуми се појавија информации дека Чуби не носел кацига за време на инцидентот. Оттогаш два дена со ред во предградието има протести. Десетици интервентни полицајци беа распоредени во областа во понеделникот вечерта за да го смират бесот кај јавноста.
Deux jours après le décès du jeune Sabri, des dizaines de personnes se sont rassemblées de nouveau dans les rues d'#Argenteuil où les forces de l'ordre sont présentes en nombrehttps://t.co/vXtxsch4dT pic.twitter.com/lKsKeRtLhv
— Sputnik France (@sputnik_fr) May 18, 2020
Морничави видеа од местото на настанот покажуваат дека демонстрантите фрлале огномети и други проектили кон полицајците од зад запалените барикади и подметнувале мали пожари на улиците. Полицијата одговорила со солзавец.
Според „Ле паризиен“, повикувајќи се на извор во полицијата, три автомобили беа запалени и вкупно 20 пожари биле регистрирани во областа во понеделникот ноќта. Истиот извор изјави дека тројца полицајци се повредени, а шест демонстранти биле уапсени.
Nouveaux incidents (très limités pour le moment) à la ZUP d’Argenteuil, après la mort de Sabri, 18 ans, ce dimanche matin, Notamment sur la dalle, proche commissariat, Feux d’artifices, départs de feux rue berionne, comme hier. @le_Parisien pic.twitter.com/N6X01oRqiL
— Victor Tassel (@victor_tassel) May 18, 2020
Париските предградија честопати се сведоци на насилства додека локалното население протестира против наводната полициска бруталност.
Минатиот месец, неколку последователни ноќи имаше протести и судири со полицијата откако 30-годишен мотоциклист беше сериозно повреден во судир со вратата на необележан полициски автомобил. Локалното население тврдеше дека вратата била отворена намерно, но француските медиуми и снимките од надзорните камери ја поддржале верзијата на властите дека нема полициска злоупотреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

