Свет
(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“
Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000 дома без струја потопувајќи голем дел од градот во темнина, рече градоначалникот.
Поголемиот дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа преполни со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла во градот беа намалени, рече градоначалникот Џон Витмир во интервју за локалната телевизија КРИВ.
I swear I was in a tornado . Houston wtf was that bro.? #houston pic.twitter.com/ILAgT5mWuE
— MattHtx (@Matt_TPJ) May 17, 2024
Зборувајќи од центарот за итни операции во градот, Витмир рече дека бура со грмотевици го погодила Хјустон, со ветрови од 129 до 161 километар на час.
„Пораката сега е да останеме дома“, повика тој додавајќи дека државните училишта ќе бидат затворени в петок и дека локалните власти бараат од сите работници што не се за итни случаи да земат слободен ден.
Tornado at the Wells Fargo Plaza in downtown Houston @KPRC2 pic.twitter.com/Pzyebt65Ub
— Wes Waitkus (@weswaitkus14) May 17, 2024
Градоначалникот потврди најмалку четири смртни случаи поврзани со невремето, главно од соборени дрвја.
„Над 800.000 семејства во моментот се без струја“, додаде тој.
Градоначалникот рече дека тешките временски услови изненадиле многу жители и дека тој бил на бејзбол-натпревар од помала лига кога се појавила бурата и како што рече „имавме многу малку време да стигнеме до засолниште“.
Националната метеоролошка служба исто така издаде предупредување за поплави во областа Хјустон поради обилните дождови поврзани со невремето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

