Свет
Видео од деца мигранти во САД ја разбесни јавноста
Видео од деца- мигранти со бројки напишани на рацете се рашири како вирус на интернет кога седумгодишно девојче, приведено во САД, почина од сепса.
Локални медиуми во САД известија за оваа практика по смртта на Џеклин Каал Макин, дете од Гватемала, кое со својот татко било приведено поради нелегално преминување на јужната американска граница.
Макин и татко ѝ биле приведени заедно со група од 160 мигранти во Ново Мексико.
Додека се возеле во автобус што ги пренесувал до граничната патрола во Лордсбург, Ново Мексико, таткото на Макин ги известил овластените лица дека неговата ќерка повраќала.
Девојчето починало неколку часа подоцна на 8 декември, во болница во Ел Пасо, Тексас.
Официјалните резултати од аутопсијата допрва ќе бидат објавени. Сепса настанува како резултат на екстремна инфекција кога телото не реагира на не и може да доведе до откажување на органите, велат од Центарот за контрола и превенција на болести.
Од министерството за внатрешна безбедност на САД извесутваат дека таткото негирал оти Макин била болна за време на првичното испрашување.
„Првичните испрашувања не открија никаков доказ за здравствени проблеми“, се вели во соопштение од министерството. „За време на испрашувањето таткото негира дека тој или неговата ќерка биле болни“.
Смртта на девојчето ја потресе јавноста, која е сè позагрижена за миграциските политики на Доналд Трамп, односно фактот дека децата што чекаат да ја преминат границата на САД се обележани со броеви на рацете.
Голем број корисници на социјалните мрежи го споредуваат ова со нацистичката пракса на тетовирање на еврејските затвореници во концентрационите логори.
„Глетки од Аушвиц“, вели еден корисник на „Твитер“.
Според снимката, бројките што децата ги носат на рацете се напишани со маркер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

