Свет
(Видео) Паника во Источна Европа: дрон разнесе воен хеликоптер
Беспилотно летало камиказа разнесе воен хеликоптер во Придњестровје. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот нема жртви и дека истрагата е во тек.
Првиот ТВ канал на Придњестровје објави видео од инцидентот. На видеото се гледа како беспилотно летало камиказа удира во хеликоптер Ми-8МТ кој се наоѓал во комплекс на воена база.
– На територијата на една од воените единици на Тираспол по експлозијата настанал пожар. Утврдено е дека експлозијата е резултат на напад со камиказе беспилотно летало кој летал од правец на мостот Детелина – соопшти Министерството за државна безбедност на непријателскиот регион.
— Pluton (@Pluton45873221) March 17, 2024
Во јануари Министерството извести дека странските специјални сили подготвуваат борбени групи во Молдавија, во кои наводно имало и Украинци, со цел да организираат и извршат терористички напади и саботажи на воени објекти во Придњестровје.
На крајот на мај 2022 година, во регионот се случија серија терористички напади, прво врз зградата на Министерството за државна безбедност и Воениот регистар во Тираспол, потоа врз објектите на воената единица во близина на селото Парчани, и конечно на кулата на радио-телевизискиот центар кај селото Мајак. Тогаш беше прогласено црвено ниво на тероризам.
Придњестровје, чие 60 отсто население го сочинуваат Руси и Украинци, бараше отцепување од Молдавија уште пред распадот на СССР, плашејќи се дека републиката ќе стане дел од Романија. Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да ја вратат контролата со сила, регионот практично стана територија надвор од контролата на Кишињев. Таму беше формирана непризнатата Придњестровска Молдавска Република.
Мирот во регионот го одржуваат заедничките сили на Придњестровје и Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

