Свет
(Видео) Партизаните објавија ново видео: „Уште сме во Русија, жестоко нè гранатираат“

Легијата Слобода на Русија сподели видео од своите борци, кои наводно се наоѓаат во селото Теткино во областа Курск. Борците на видеото тврдат дека сè уште се во селото и покрај тоа што се изложени на силно гранатирање.
Тие нагласуваат како планираат да продолжат понатаму. Својот говор го завршуваат со пораката: „Слава на Украина, слава на хероите. Слобода на Русија“.
Legionnaires with military call sign “Apostol”, “Domovoy” and the rest of the storm troopers send greetings from the liberated part of Tetkino, Kursk region.
Move on! pic.twitter.com/p9Zex1KJgj
— “Liberty of Russia” Legion (@legion_svoboda) March 13, 2024
Легиите, Рускиот волонтерски корпус и Сибирскиот баталјон вчера објавија дека влегле во Белгород и Курск.
Во еден момент објавија дека го зазеле Теткино.
„Селото Теткино во Курската област е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин бега од селото оставајќи зад себе тешка техника“, гласи пораката на каналот на Легијата за слобода на Русија.
Украина загуби 234 војници, седум тенка и три борбени возила Бредли за време на нападот на руската граница во регионите Белгород и Курск, објави потоа руското Министерство за одбрана. Тие забележаа дека „непријателите“ никаде не успеале да ја поминат границата.
Во регионот на Белгород повеќе нема украински вооружени сили, напиша синоќа гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал на „Телеграм“.
„Соочени сме со огромна количина лаги од нашиот непријател. Во врска со ова, сакам да кажам дека нема непријател на територијата на регионот Белгород“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.