Свет
(Видео) Полицијата ја блокира пистата во Еквадор, шпанскиот авион не можеше да слета
Драматични снимки се појавија од меѓународниот аеродром на Гвајакил во Еквадор додека полицијата ја блокира целата писта за да го спречи слетувањето на авионот што пристигна од Мадрид.
Како што се гледа од видеото, полицијата во овој град навистина презела драстични мерки за да го спречи ширење на коронавирусот – физички блокирајќи го слетувањето.
Autoridades de Guayaquil, Equador, impediram o pouso de uma aeronave procedente na Europa, com passageiros repatriados, no aeroporto local com viaturas ao longo da pista. O caso aconteceu ontem.
O Governo do país repudiou o ato.
?: @ArffManuel. pic.twitter.com/dn0y3teX86
— Portão 1 (@portaoum) March 19, 2020
„Дејли стар“ пишува дека официјалните лица вчера барале да се блокира пистата поради авионот што пристигнувал од Шпанија.
Во авионот имало 11 члена на екипажот и требало да останат ноќта во градот. Сепак, тие на крајот морало да одат на друг аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Планинар загина во БиХ: спасувачите со часови го извлекуваа неговото тело
На планината Височица во Босна и Херцеговина, вчера вечерта беше во тек исклучително тешка и напорна операција за извлекување на телото на починат планинар. Во операцијата учествуваа 20 спасувачи од Службата за спасување Прењ, ГСС Јабланица и ГСС Кантон Сараево.
Спасувачката операција траеше од недела попладне, а беше отежната поради непристапниот терен и исклучително тешките физички услови. Постоеше надеж дека хеликоптер на ЕУРОФОР ќе може да го транспортира телото, бидејќи локацијата беше погодна за таков пристап, но поради темнината, тоа на крајот не беше можно, објави Индекс.хр.
„Се надеваме дека хеликоптерот ќе може да пристапи, во спротивно евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Теренот е исклучително тежок“, објавија претходно спасувачите на својот Фејсбук профил.
Европа
(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух
Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух.
Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата.
✈️Moment of the crash of the Russian military transport aircraft An-22 https://t.co/TnvYdBNXB9 pic.twitter.com/7u5xoRh2wx
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 14, 2025
Се верува дека инцидентот е предизвикан од технички дефект на авионот, кој е во употреба повеќе од 50 години, објави подоцна деловниот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори. Тасс соопшти дека авионот бил на закажан лет по поправките и се урна во близина на резервоар. Остатоците од авионот се пронајдени во водата.
Свет
(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер
Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј.
„Она што го видовме вчера беше чин на чисто зло“, рече австралискиот премиер Ентони Албанез.
„Тоа беше чин на антисемитизам, чин на тероризам на наша почва, на една од најзначајните локации во Австралија – плажата Бонди“.
Тој рече дека местото ќе биде „засекогаш обележано“ од „злобата“ на антисемитизмот.
Тој додаде дека знамињата низ целата земја денес ќе бидат спуштени на половина копје.
„Вчера беше навистина мрачен ден во историјата на нашата нација. Но, ние како народ сме посилни од кукавиците што го направија ова“, рече Албанез.
Тој продолжи: „Австралија никогаш нема да се предаде на поделбите, насилството или омразата и заедно ќе излеземе од оваа трагедија. Нема да им дозволиме да нè поделат како нација.“

