Свет
(Видео) Пет брода потонаа на предизборна парада за Трамп во Тексас

Дури пет мали бродови кои биле дел од парадата за поддршка на предизборната кампањата на Трамп, за негов нов претседателски мандат, потонале во езерото Тревис во близина на Остин, Тексас.
„Украсете ги своите бродови со патриотски бои и развејте онолку знамиња на Трамп колку што можат да издржат вашите пловила!“, гласела поканата со која поддржувачите на актуелниот американски претседател биле повикани на парадата. „Ајде да испретиме силна порака“, било наведено во истата.
Меѓутоа, пораката не испаднала токму како што се надевале. Кога стотици бротчиња започнале да се движат заедно, тоа создало големи проблеми за учесниците. Наскоро, шерифот во округот Тревис добил 15 повици за помош.
„Речиси веднаш по започнувањето на парадата, почнавме да примаме повици за помош од бродовите“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот. „Итните повици беа разновидни и вклучуваа: бротчиња во кои навлегла вода, мотори кои престанале да работат, превртени чамци и бродови што тонат“.
Повеќето бротчиња во кои навлегла вода успеале да се извлечат пред да завршат на дното на езерото, соопшти канцеларијата на шерифот. Но, пет бродови потонале. Три биле извлечени, а два и натаму се на дното на езерото.
Никој од оние кои повикале помош не е повреден, информираа од канцеларијата на шерифот.
Од таму соопштија и дека не нашле докази за можна саботажа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Обид за ангажирање платен убиец: Маж планирал атентат врз Орбан

Спречен е маж поради наводно планирање заговор за атентат врз унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави синоќа Националното истражно биро на земјата.
Унгарската полиција соопшти дека мажот се регистрирал на веб-страница хостирана на сервер во странство со цел да пронајде лице кое е подготвено да го убие Орбан за парична награда, објави МТИ.
Тој наводно објавил на веб-страница во јули 2025 година дека е подготвен да плати за „најдобриот платен убиец“ подготвен да го убие унгарскиот премиер Виктор Орбан, се вели во соопштението на Националното истражно биро.
Човекот кој беше идентификуван со помош на Унгарските антитерористички сили (ТЕК) по апсењето, го призна злосторството за кое е обвинет.
Свет
Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави вчера американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Можеби за прв пат откако оваа администрација ја презеде функцијата, имаме некои конкретни примери за работите што Русија би ги барала за да ја заврши војната“, рече Рубио во интервју за емисијата „Кудлоу“ на Фокс бизнис мрежата, додавајќи дека клучните елементи на секој договор би вклучувале територија.
Рубио рече дека сè уште има многу работа пред евентуалната средба меѓу Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина.
„Денес беше добар ден, но сè уште има многу работа пред нас. Има многу пречки што треба да се надминат и се надеваме дека ќе го постигнеме тоа во наредните денови и часови, можеби дури и недели“, рече тој.
Претходно, американскиот претседател изјави дека е отворен за таква средба со Владимир Путин, како и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, според Белата куќа.
По посетата на Москва од неговиот специјален пратеник Стив Виткоф, за која се вели дека била продуктивна, американскиот претседател информираше неколку европски лидери дека има намера лично да се сретне со својот руски колега, можеби уште следната недела, а потоа да одржи средба со украинскиот претседател, објавија Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен.
Американскиот пратеник се сретна со Путин во Москва два дена пред истекот на американскиот ултиматум до Русија, кој бара ставање крај на конфликтот во Украина.
„Претседателот сака да ја заврши војната“, повтори Рубио.
„Во следните неколку дена ќе разговараме со нашите европски сојузници и Украинците за да видиме каков напредок можеме да постигнеме на тој фронт“, објасни тој. „А потоа, се надеваме, работите ќе продолжат да напредуваат и многу наскоро ќе има можност претседателот да се сретне и со Владимир Путин и со претседателот Зеленски во одреден момент, се надеваме во блиска иднина.“
„Но, очигледно многу работи треба да се случат пред тоа“, рече американскиот државен секретар. Кога станува збор за евентуален нов пакет санкции на САД против Русија, тој рече дека Трамп ќе донесе одлука за тоа во следните еден или два дена.
Свет
Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние кои сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат во Америка или не планираат, изјави претседателот Доналд Трамп.
Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека новата царинска стапка ќе се применува на сите чипови и полупроводници што доаѓаат во Соединетите Американски Држави, но нема да се применува на компании кои се обврзале да произведуваат во Соединетите Американски Држави.
„Значи, царина од околу 100 проценти за сите чипови и полупроводници што доаѓаат во Соединетите Држави. Но, ако сте се обврзале на производство (во САД) или ако сте во процес на производство (во САД), како што се многумина, нема царина“, рече Трамп.
Во 2022 година, Конгресот создаде програма за субвенции од 52,7 милијарди долари за производство и истражување на полупроводници. Минатата година, Министерството за трговија, под претседателот Џо Бајден, ги убеди сите пет водечки компании за полупроводници да лоцираат фабрики за чипови во САД како дел од програмата.
Минатата година, министерството соопшти дека САД произвеле околу 12 проценти од светските полупроводнички чипови, во споредба со 40 проценти во 1990 година.