Свет
(Видео) Премиерот на Шри Ланка јавно откри: Можеше да се спречат бомбашките напади

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за нови детали во врска со терористичките напади на Велигден во кои загинаа најмалку 320 луѓе, меѓу кои и 45 деца.
Одговорноста за овие напади ја презеде Исламска држава. Сепак, иако тие тврдат дека се одговорни за експлозиите, не понудија никакви докази за тоа. Веста дека организацијата ја презема одговорноста за крвавите инциденти ја објави „Амак“, новинската агенција на терористичката мрежа.
„Слушнавме дека Исламска држава ја презеде одговорноста. Обуката и координацијата на терористите беше таква каква што не сме виделе никогаш досега“, рече Викремесинге.
Сепак, премиерот потврди дека нападите можеле да бидат спречени.
„Можевме да ги спречиме овие напади, или барем да влијаеме да бидат од помали размери“, рече 70-годишниот Викремесинге.
Според агенцијата „Ројтерс“, разузнавачите од Шри Ланка биле предупредени за можни бомбашки напади неколку часа пред експлозиите. Индиски разузнавачи ги контактирале своите колеги од Шри Ланка два часа пред првиот напад за да ги предупредат на конкретна закана насочена кон црквите во земјата, изјавиле извори од одбраната на Шри Ланка и од индиската влада.
Сите уапсени кои се поврзани со нападот имаат државјанство на Шри Ланка.
Во врска со тоа дали нападите се одмазда за масакрот во џамиите во Нов Зеланд, премиерот на Шри Ланка одговори:
„Можеби се, но не можеме да тврдиме со сигурност“.
Идентитетот на повеќе бомбаши-самоубијци е веќе познат, но не на сите. Според најновите информации, двајца браќа муслимани учествувале во самоубиствениот бомбашки напад во ресторан на хотел.
Викремесинге потврди дека бил планиран и четврти напад врз друг хотел, но терористите не успеале да го спроведат.
Досега во врска со нападите се уапсени 40 луѓе, а во земјата е воведена вонредна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка Дороти Шиа оцени дека инцидентот е алармантно кршење на воздушниот простор.
Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва, пак, тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дроновите не дозволувал да стигнат до Полска.
Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.
Свет
Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.
Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.
Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони.
Свет
(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа, а потоа им се обрати на злосторниците.
„Крикот на оваа вдовица ќе одекнува како борбен повик. Ако мислевте дека мисијата на Чарли беше силна порано, немате поим што штотуку ослободивте низ земјата и светот.“
ERIKA KIRK Speaks to America…and the World… for the first time since her husband was assassinated.
VERY POWERFUL and heart wrenching! pic.twitter.com/HyWlR8N3N3— Elvin Unleashed (@Elvin_Unleashed) September 13, 2025
Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен. Претседателот Доналд Трамп најави дека постхумно ќе му додели Медал на слободата, опишувајќи го како првак на генерацијата.
„Трнинг поинт УСА“ го нарече својот основач маченик и пионер. Потпретседателот Џ. Д. Венс го пренесе ковчегот во Феникс со владин авион.
Ерика Кирк, поранешна Мис Аризона и мајка на две деца, најави дека турнејата и подкастот на нејзиниот сопруг ќе продолжат.