Свет
(Видео) Престрелка во Канада: три лица загинаа, а две се во критична состојба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/канада-пукање.jpg)
Во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две лица се тешко повредени, соопшти локалната полиција.
Престрелката се случила нешто по четири часот наутро, западно од центарот на градот.
Службениците на местото на настанот пронашле петмина со прострелни рани.
„Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици. Нема дополнителни информации за можниот мотив“, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен.
На местото на настанот загинале маж и жена. Тројца ранети биле пренесени во болница, а еден од нив подоцна починал од повредите.
Властите сè уште не го соопштуваат идентитетот на жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kremlj-moskva.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/zatvor-960x614.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.