Свет
(Видео) Принудно слета хеликоптерот на претседателот на Боливија
Хеликоптерот во којшто се наоѓал претседателот на Боливија, Ево Моралес, морал итно да слета поради механички проблем, соопшти војската, што предизвика сомнежи кај неговите приврзаници, откако противниците се заканија дека ќе го отстранат.
WATCH: Helicopter carrying Bolivia's President Evo Morales gets into trouble, manages to land safely pic.twitter.com/FsbKIxYGFD
— BNO News (@BNONews) November 5, 2019
Никој не е повреден во инцидентот, соопштија воздухопловните сили, но инцидентот ги поттикна тензиите во земјата, каде демонстрантите протестираат против лево ориентираниот претседател, две недели по неговиот спорен реизбор.
Хеликоптерот се соочил со механичкиот проблем додека полетувал од село во Андите каде што Моралес отвори нов пат, се вели во извештајот. Видео од инцидентот кружеше на социјалните мрежи.
„Браќа, денес, откако го отворивме патот во Колкири, имавме инцидент со хеликоптерот, што ќе биде правилно истражен“, твита Моралес подоцна, откако продолжи со работата во седиштето на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

