Свет
(Видео) Пронајден ранецот на убиецот на извршниот директор на Њујорк, ФБИ нуди 50.000 долари за информации
Истражувачите од Њујорк пронајдоа ранец во Централ парк за кој веруваат дека му припаѓа на осомничениот за убиството на извршниот директор на „Јунајтед хелт кер“, дознава „Си-Ен-Ен“.
Според неговиот извор, потеклото на ранецот се’ уште не е официјално потврдено, а истражителите го испраќаат во лабораторија во Квинс на форензичко тестирање.
Претходно вчера, детективите рекоа дека имаат причина да веруваат оти лицето одговорно за пукањето го напуштило Њујорк, рече полицискиот комесар Џесика Тиш.
Потрагата по убиецот на Брајан Томпсон сега влегува во третиот ден, а масовната потрага се шири. Официјалните лица апелираат до јавноста надвор од градските граници да помогне во идентификувањето на осомничениот со тоа што внимателно ќе ги разгледаат снимките од надзорните камери објавени пред два дена, на кои се гледа осомничениот без маска.
„Си-ен-ен“ го сумираше досега познатото за истрагата:
- Полицијата смета дека фотографијата на осомничениот на која тој се смешка е „клучна“ за неговата идентификација.
- Полицијата има снимка од осомничениот како влегува во автобускиот терминал на пристанишната управа – но не излегува од него, што укажува дека тој го напуштил градот со меѓуградски автобус.
- Клучните докази, вклучително и велосипедот со кој се возел осомничениот и пиштолот користен во убиството, сè уште не се пронајдени.
- Ранецот бил пронајден при второто пребарување на паркот во петокот вечерта, меѓу карпи јужно од рингишпилот на паркот, според изворот.
- Истрагата продолжува, а надлежните ја повикуваат јавноста на соработка за откривање на идентитетот на осомничениот.
- Ранецот е изваден со багер
- Полицијата ја обезбеди областа во Централ Парк каде беше пронајден ранец поврзан со убиството на извршниот директор на UnitedHealthcare Брајан Томпсон. Според извори на Си-Ен-Ен, ранецот бил спакуван како доказ и, неотворен, испратен во форензичка лабораторија.
Истражителите го третираа ова откритие како да пронашле тело, внимавајќи да не ги оштетат потенцијалните докази. Ранецот, заедно со материјалите пронајдени во негова близина, биле отстранети со помош на багер за да се зачуваат трагите како ДНК на ранецот или дури и во почвата околу него.

Според полициски извори, осомничениот „дефинитивно однапред го планирал ова дело“.
Шефот на криминалистичката истрага на Њујорк, Џозеф Кени, изјави за Си-Ен-Ен дека има снимка од осомничениот како пристигнува во Њујорк пред убиството. На снимката се гледа како осомничениот се движи во близина на хотелот приближно 30 минути пред нападот, што укажува на детално планирање.
„Тој знаеше во колку часот ќе помине жртвата, како и во кој хотел се одржува конференцијата“, рече Кени.
Инспекторите досега собраа ДНК докази од предметите пронајдени на местото на настанот, вклучувајќи шише со вода и мобилен телефон. Според извештаите, осомничениот можеби го користел шишето со вода непосредно пред убиството. Мобилниот телефон, кој исто така е пронајден, може да содржи ДНК траги врз основа на допир или клетки од кожата.
Земените примероци се обработени и испратени до Канцеларијата на главниот лекарски преглед на понатамошно испитување. Главен приоритет на истражителите останува идентификацијата на напаѓачот. Фотографиите на осомничениот веќе се дистрибуирани до сите членови на полицијата за да се забрза потрагата по него.
Истрагата продолжува интензивно бидејќи полицијата прави максимални напори за откривање и апсење на одговорното лице.
ФБИ помага во истрагата за убиството на Брајан Томпсон, потврди портпаролот на бирото за „Си-ен-ен“.
Клучна трага би можела да биде фотографија од надзор на која се гледа насмеан маж со качулка со маска спуштена околу вратот.
Видеото е снимено за време на интеракцијата на осомничениот со вработен во хостелот Апер Вест Сајд каде што престојувал, изјави претставник на органите за спроведување на законот за Си-Ен-Ен.
„Тој шеташе низ градот со маска на лицето, што ја отежна идентификацијата. Моравме да прегледаме многу видео за да ја најдеме клучната снимка со спуштена маска“, рече полицискиот комесар Џесика Тиш.
Вработениот во хостелот го замолил осомничениот да ја спушти маската, токму кога е направена фотографијата.
„Тој ја испушти маската и се насмевна“, рече аналитичарот на „Си-Ен-Ен“, Џон Милер.
„Тој момент на добра волја од негова страна овозможи да се добие најважната трага за неговата идентификација досега“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

