Свет
(Видео) Протест во Киев за убиените бранители на Азовстал
Антон Герашенко, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, сподели видео од протестот одржан денеска во Киев поради смртоносниот напад на затворот во Оленивка, во кој биле убиени десетици заробени бранители на Мариупол.
Меѓу убиените има и припадници на Азовскиот полк, кои се предадоа по падот на фабриката за челик Азовстал, која со месеци ја бранеа од руските напади.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападот, а проруските сепаратисти тврдат дека во нападот биле убиени 53 воени заробеници.
„Семејствата и најблиските на бранителите на Азовстал одржаа протест во Киев, каде побараа Русија да биде прогласена за држава која промовира тероризам. Тие потсетија дека кога бранителите на Азовстал се предадоа како воени заробеници, ОН и Црвениот крст ветија дека тие би биле безбедни“, најави Герашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

