Свет
(Видео) Путин реагираше кога обезбедувањето истурка ветеран на Парадата на победата
Русија вчера ја одбележа 73-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија со големата воена парада што се одржа во центарот на Москва. Парадата беше можност армијата да ги претстави најновите воени иновации, како што се современите модели на оклопни возила и авиони.
Повеќе од 13 000 војници и 159 видови возила, вклучувајќи и 75 авиони, учествуваа на парадата. Русија ја претстави петтата генерација „су-57“, оклопното возило „Терминатор“ и авионите „миг-31“ со хиперсонични проектили „Кинжал“, за кои Путин во март рече дека се непобедливи. За првпат беа претставени и руски дронови, како и роботот за деминирање кој бил користен во Алепо и Палмира.
Во еден момент, додека Путин одеше по Црвениот плоштад придружуван од неговите телохранители, му се приближи ветеран од Втората светска војна, кој сакаше да го поздрави. На обезбедувањето на рускиот претседател не му се допадна тоа, па грубо го оттурнаа ветеранот.
Но, Путин веднаш реагираше, му се приближи на старецот, се поздрави и поразговара со него, по што го покани да му се придружи во поворката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

