Свет
(Видео) Разорна експлозија во Нешвил, од полицијата велат дека станува збор за планиран напад
Огромна експлозија денеска одекнала во центарот на Нешвил, главниот град на американската сојузна држава Тенеси, пренесуваат американските медиуми.
„Веруваме дека некој намерно предизвика експлозија на божиќното утро во центарот на Нешвил“, рече портпаролот на полициската управа.
Портпаролот Дон Арон на утринската прес-конференција изјави дека по пријава за сомнителното возило, службениците од Одделот за експлозиви биле испратени во центарот на градот, а набргу потоа, околу 6:30 часот наутро, дошло до силна експлозија поврзана со тоа возило.
„Веруваме дека експлозијата е намерно предизвикана“, рече Арон.
Портпаролот на противпожарната служба во Нешвил, Џозеф Плесент, изјави дека три лица се повредени во инцидентот и се пренесени во болница. Тој додаде дека никој од нив не е во критична состојба.
„Инцидентот го испитуваат неколку американски агенции, локални и федерални, вклучувајќи ги ФБИ и АТФ“, рече Арон.
Сведок на инцидентот, Бак Мекkој, изјавил за Си-ен-ен дека експлозијата се случила пред неговата зграда.
„Целата улица беше во пламен. Огнот зафати три автомобили. Дрвја паѓаа на улицата, парчиња стакло имаше насекаде. Луѓето ги напуштаа своите куќи со своите миленици. Пожарникарите ми рекоа да се оддалечам што е можно повеќе од оваа област“, рекол тој.
Градоначалникот на Нешвил, Џон Купер, изјавил за Си-ен-ен дека е свесен за инцидентот и е на пат кон местото на настанот. Тој додаде дека експлозијата се случила на Втората авенија во стариот, историски дел на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

