Свет
(Видео) Русите објавија снимка од нападот на украинскиот воен аеродром
Руските сили го нападнаа воениот аеродром „Мирхород“ во регионот Полтава, што резултира со извесни загуби, потврди на социјалните мрежи портпаролот на воздухопловните сили, Јуриј Ихнат.
Руските медиуми претходно објавија снимки од нападот,истакнувајќи дека се уништени пет воени авиони „су-27“, а други два се оштетени. На видеото се гледа чад и оган на аеродромот.
„Како резултат на рускиот удар, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони ‘су-27’, а два се оштетени“, соопшти руското министерство.
Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион „Ф-16“, кој Москва вети дека ќе го уништи.
Myrhorod Air Base. Not the first time that Russian recon drones have been able to quietly observe before striking with an Iskander cluster missile. It appears that at least 1 Ukrainian Su-27 has been destroyed, while several others are also believed to have been damaged. pic.twitter.com/OsZeeuCMp1
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) July 1, 2024
„Тоа беше напад. Има загуби, но не и оние што ги презеде непријателот“, кусо одговори Ихнат. Тој не соопшти детали за претрпената штета. Првичните извештаи за нападот предизвикаа бес на социјалните мрежи, при што некои ги критикуваа воздухопловните сили дека не успеале соодветно да го обезбедат аеродромот и покрај претходните предупредувања за потенцијален напад.
Ихнат се обиде да ја одбрани армијата и ги повика медиумите на умереност предупредувајќи дека руските извори ги преувеличуваат достигнувањата на Москва од почетокот на инвазијата.
„Воздухопловните сили прават сè за да му се спротивстават на непријателот, да го измамат, вклучително и со помош на лажни модели и други средства“, рече тој.
Нагласи дека украинските аеродроми се под постојана закана од руски ракетни и напади со беспилотни летала.
На 16 март Ихнат беше разрешен од позицијата портпарол, но продолжи да работи во воздухопловните сили, пишува „Киев индипендент“. Инаку, Русите веќе извршија интензивен воздушен напад на воениот аеродром „Мирхород“ во јуни минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.
Свет
Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.
UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.
Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.
Свет
Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.
Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.
Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.
Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.
Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

