Свет
(Видео) Руски ловци во еден ден двапати пресретнаа американски бомбардери
 
																								
												
												
											Руски воени авиони двапати во западниот и јужниот дел на границата пресретнале американски бомбардери „Б-52H“, објави руското Министерство за одбрана.
До блиските средби на руски и американски авиони дошло над Балтикот и Црното Море.
Министерството потврди дека во понеделникот во два наврата биле пресретнати стратешки бомбардери, без наведување на точниот број авиони што учествувале во акцијата.
„Екипажите на руски борбени авиони ‘су-27’ пресретнале стратешки бомбардери ‘Б-52H’ од воздухопловните сили на САД, кои се приближиле до руската национална граница од правец на Балтичкото и Црното Море“, соопшти руската армија. Исто така, се додава дека американските авиони не ги кршеле граничните прописи, а пофалени се и руските пилоти што американските авиони ги испратиле мирно и во согласност со меѓународните правила.
Американски стратешки авиони, вклучувајќи и такви за шпионажа, последниве години активно летаат над воздушниот простор во близина на руската граница.
Иако досега не се случија поголеми инциденти, Москва и Вашингтон меѓусебно се обвинуваат за непријателска акција. Русија инсистира на тоа дека ваквите летови предизвикуваат непотребни тензии, а САД се жалат за непрофесионално однесување на руските пилоти во текот на следењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Регион
(Видео) Уапсен опозициски политичар во Србија
 
														Полицијата го уапси го уапси Миша Бачулов, член на градскиот совет и претседател на граѓанската група „Буди херој“ во Нови Сад.
Медиумите блиски до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тврдат дека се сомнева дека Бачулов планирал да лажира сопствено труење и да го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и државниот врв за обид за убиство. Според нивните извори, целта на наводната инсценација била да се предизвика бунт кај граѓаните за време на утрешните протести во Нови Сад и да се поттикнат конфликти и насилство на улиците.
Објавено е видео од апсењето, кое покажува дека истото го извршиле специјални полициски службеници во полна опрема.
SRAMNO!
Pripadnici Uprave kriminalisticke policije malo pre su u Novom Sadu uhapsili Mišu Bačulova.
Navodno je hteo da se otruje i da za to optuži Vučića. Kako bi izazvao masovne proteste sutra u Novom Sadu?!
Sad će sve da nas hapse pod izgovorom da ne dignemo ruku na sebe! pic.twitter.com/iaa0YToQ1O
— 1. NOVEMBAR (@novosadske) October 31, 2025
Бачулов, познат по своите критички изјави против владата, претходно учествувал во организирањето на протести и политички акции на опозицијата во Војводина. Министерството за внатрешни работи сè уште официјално не ги објави деталите за апсењето.
Зборуваме за човек чие видео пред неколку недели Вучиќ го објави на телевизија, обидувајќи се да сугерира дека имал некаква
Регион
Разбиена мрежа на руски платеници, меѓу нив има и граѓани на Босна и Херцеговина
 
														Европол ја поддржа втората фаза од заедничката истрага на молдавската и украинската полиција против руски платеници осомничени за учество во воени злосторства во Украина, објави денес Европската агенција за полициска соработка.
Истрагата, предводена од меѓународниот тим за криминал на Европол, идентификуваше 654 членови на руските приватни воени групи Вагнер и Редут кои учествуваа во борбени операции против Украина.
Според соопштението за медиумите на Европол, меѓу осомничените се државјани на Украина, Молдавија, Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан, Азербејџан, Ерменија и Босна и Херцеговина.
Сите се обвинети за воени злосторства како што се сексуално насилство, егзекуција на воени затвореници и цивили.
За време на операцијата, која беше спроведена на 29 октомври, полицијата спроведе 70 претреси на куќи во Молдавија и Украина и заплени оружје, муниција, воени униформи, ознаки на Вагнер и електронска опрема.
Собрани се и видеа и фотографии што укажуваат на учество на молдавски и украински државјани во борбите во Украина и Демократска Република Конго како дел од овие руски паравоени формации.
Украинските власти споделија, преку безбедните канали на Европол, 280 имиња на странски државјани осомничени за учество во борбите. Од почетокот на истрагата, откриени се кампови за обука и регрутирање, мапирани се командни структури и документирани се бројни воени злосторства – егзекуции на цивили, употреба на забрането оружје и напади врз украински градови.
Досега, 11 украински државјани се обвинети за велепредавство за приклучување кон групите Вагнер и Редут.
Регион
(Видео) Белградските студенти спиеја на улиците и го продолжија своето патување кон Нови Сад
 
														Белградските студенти и граѓани пристигнаа во градот Инѓија (кој се наоѓа помеѓу Белград и Нови Сад) синоќа, каде што спиеја на улиците.
Утрово, фотографите фотографираа куп душеци, перници, ќебиња и прекривки на градската улица.
За потсетување, околу 5.000 студенти пристигнуваат во Нови Сад во текот на денот, каде што утре ќе се одржи голем комеморативен собир по повод годишнината од уривањето на настрешницата на железничката станица во овој град, при што загинаа 16 лица, што предизвика бран на студентско и граѓанско незадоволство од режимот, кој не ги казни одговорните дури ни по една година.
Студентите пристигнуваат пеш и со велосипеди од цела Војводина и Србија, а најдолгата дистанца ќе ја поминат оние од Нови Пазар кои тргнаа кон Нови Сад за да ја одбележат годишнината од трагедијата на 16 октомври, поминувајќи речиси 400 километри.
Во меѓувреме, патничките возови до Нови Сад се откажани и нема да сообраќаат денес попладне и наутро на 1 ноември, јавува N1 Србија.
Како што неофицијално дознава N1, Српските железници одеднаш престанаа да продаваат билети во текот на денот, а машиновозачите беа известени на станиците каде што се најдоа дека повеќе нема да работат – до понатамошно известување.
Властите го попречија железничкиот транспорт за време на претходните протести поради наводни закани со бомби, кои, никогаш не беа потврдени.
Фото:принтскрин


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											