Свет
(Видео) САД го поништија договорот за пријателство со Иран од 1955 година

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека САД го поништуваат договорот за пријателство со Иран, кој бил склучен во 1955 година за воспоставување економски односи и конзуларни права меѓу двете земји.
Овој потег следува кога Меѓународниот суд на правдата им нареди на Американците да ги повлечат санкциите наметнати врз Иран, а кои може да влијаат на увозот на хуманитарна помош, како и производи и услуги поврзани со безбедноста на цивилното воздухопловство.
Иран наведе дека санкциите наметнати од администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повлекувањето од нуклеарниот договор од 2015 година, го прекршуваат таканаречениот договор за пријателство.
Помпео во изјава на новинарите посочи дека укинувањето на договорот беше одложено неколку децении.
Тој рече дека Иран го злоупотребил Меѓународниот суд на правдата за политички и пропагандни цели.
Тој додаде и дека тврдењата на Иран се апсурдни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Би-Би-Си“: Европа сака да покаже дека е клучна за договорот за Украина

И покрај неуспехот да се обезбеди прекин на огнот, Европа сега се обидува да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека е клучна за мировниот договор што тој го сака, пишува „Би-Би-Си“.
Откако Вашингтон првично ја исклучи ЕУ од своите дипломатски напори, европските лидери сега ќе бидат претставени во поддршка на Володимир Зеленски на утрешниот состанок во Белата куќа. За украинскиот претседател, ова е и можност да го поправи впечатокот по последната, озлогласена посета на Белата куќа и конфликтот со Трамп и неговиот потпретседател Џ.Д. Венс.
Според Би-Би-Си, Европа веќе ја поддржа одлуката на Трамп да го прескокне прекинот на огнот, и останува да се види дали ќе се обидат да го убедат да заземе поцврст став кон Владимир Путин.
Светските медиуми претходно пренесоа дека Зеленски во Вашингтон ќе стигне со тешка артилерија, придружуван од првите луѓе на ЕУ и НАТО.
Свет
(Видео) Зеленски пристигна во Брисел на средба со Урсула фон дер Лајен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди неговиот портпарол.
Таа претходно објави дека ќе им се придружи на Зеленски и на американскиот претседател Доналд Трамп на утрешната средба во Вашингтон.
Zelensky has arrived in Brussels. He is scheduled to meet with European Commission President Ursula von der Leyen today, followed by their participation in an online meeting of the Coalition of the Willing leaders. pic.twitter.com/b6dOpeLLin
— WarTranslated (@wartranslated) August 17, 2025
Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.