Свет
(Видео) Се запали воз во Бостон, патниците бегаа низ прозорците
На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од воз кој се запали вчера во областа Бостон на мостот на реката Мистик, додека патниците во паника ги кршеа прозорците за да излезат.
Главниот вагон се запалил, а на снимката се гледа како патниците бегаат од возот. Некои дури скокнаа од мостот. Наводно, во возот имало околу 200 луѓе.
Извршниот директор на МБТА, Стив Пофтак, им се извини на патниците за инцидентот. Пофтак рече дека тоа е застрашувачки настан.
A subway train outside Boston caught fire on Thursday morning as it crossed a bridge over the Mystic River, prompting an evacuation that led many to climb out of windows and one person to leap into the water below, the authorities said. https://t.co/14kZ12i4SG pic.twitter.com/pvXJv0qigu
— The New York Times (@nytimes) July 21, 2022
Тој на прес-конференцијата рече дека несреќата ја предизвикало парче метал на обвивката кое се откачило и дошло во контакт со друга шина низ која течела струја.
За среќа, ниту еден од патниците не е повреден при евакуацијата, пренесе Аваз.ба.
New video shows a person in the water after an Orange Line train broke down and started smoking over the Mystic River.
Riders had to climb off the train on to the tracks and walk back to the station. Witnesses say one person even jumped into the water. pic.twitter.com/Gvimj7krf9
— Rob Way (@RobWayTV) July 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

