Свет
(Видео) Се наѕира крајот на бруталната граѓанска војна во Јемен
Претставниците на спротивставените страни во воените конфликти што го разораа Јемен денеска се ракуваа во присуствo на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Договорот за прекин на огнот во борбите за приморскиот град Ал-Худајда беше постигнат по седумдневни преговори во Шведска од страна на министерот за надворешни работи Калид ал-Јамани и претставникот на бунтовниците, Мухамед Абделсалам.
VIDEO: Rival sides in Yemen’s civil war, the country’s foreign minister Khaled al Yamani and rebel negotiator Mohammed Abdelsalam, shake hands after agreeing a ceasefire for the vital port of #Hodeida on the seventh day of UN-brokered peace talks in Sweden pic.twitter.com/SwwkigJOz8
— AFP news agency (@AFP) December 13, 2018
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека завојуваните страни во Јемен, по една недела мировни преговори што се одржуваа во Шведска, се согласиле за воспоставување прекин на огнот во провинцијата Худајда и за повлекување на силите од пристанишниот град на Црвеното Море.
Агенцијата АП објави дека Гутереш им се заблагодарил на делегациите од Јемен за, како што рекол, важниот чекор и вистинскиот напредок кон идните преговори за прекин на конфликтот додавајќи дека следната рунда преговори се планирани кон крајот на месецот.
Бруталната четиригодишна граѓанска војна во Јемен ја водат меѓународно признатата влада, која ја има поддршката од коалицијата предводена од Саудиска Арабија и бунтовниците Хути, кои ја уживаат поддршката на Иран, појаснува американската агенција.
Според Обединетите нации, воената состојба во земјата предизвика една од најлошите хуманитарни кризи во светот поради која на 29 милиони Јеменци им е потребна помош.
„Ова е само почеток“, рече Гутереш и им се заблагодари на двете страни за преговорите и поради тоа што покажале политичка свест и волја да разговараат за иднината на Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Принцезата Кејт за нејзината борба со ракот: Постојат моменти на страв и исцрпеност
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, по повод Светскиот ден на ракот, објави емотивна порака во која се осврна на сопственото искуство со болеста. Во јануари минатата година, таа објави дека е во ремисија, откако во март 2024 година ѝ беше дијагностициран рак.
Светскиот ден на ракот се одбележува секоја година на 4 февруари, а 44-годишната принцеза сподели видео на социјалните мрежи по повод овој настан. Краткиот клип прикажува снимки од нејзината посета на Кралската болница Марсден во Челзи во јануари 2025 година, каде што самата се лекуваше. Истиот ден кога ја посети болницата, таа објави дека е во ремисија.
Во видеото принцезата Кејт вели: „На Светскиот ден на ракот, моите мисли се со сите што се соочуваат со дијагноза, се на третман или се на пат кон закрепнување. Ракот допира до толку многу животи – не само на пациентите, туку и на нивните семејства, пријатели и лица кои се грижат за нив.“
„Секој што го поминал тоа знае дека патувањето не е права линија. Има моменти на страв и исцрпеност, но и моменти на сила, љубезност и длабока поврзаност“, продолжи таа.
„Деншниот ден е потсетник за важноста на грижата, разбирањето и надежта. Знајте дека не сте сами“, заклучи таа.
Во март 2024 година, принцезата од Велс објави дека и бил дијагностивиран рак и дека се повлекува од јавноста за да се фокусира на своето здравје. Во септември истата година, таа потврди дека завршила со хемотерапија, а во јануари 2025 година, по ненајавена посета на Кралската болница Марсден, објави дека е во ремисија.
Исто така, беше објавено дека таа и принцот Вилијам станале заеднички покровители на Фондацијата на Кралскиот Марсден NHS, преземајќи кралска улога во светски познатата болница за рак.
Принцезата Кејт отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочи во периодот по третманот, опишувајќи го како „навистина, навистина тежок“ за време на посетата на болница во Колчестер минатиот јули.
„Се држите цврсто, го издржувате третманот стоицистички. И кога третманот ќе заврши, мислите: „Можам да продолжам понатаму, да се вратам во нормала“. Но, всушност, фазата што следи е навистина, навистина тешка“, рече таа во тоа време.
„Веќе не сте нужно под грижа на медицински тим, но не сте во можност нормално да функционирате дома на начинот на кој можеби сте можеле порано“, продолжи принцезата. „И затоа е навистина вредно да имате некој да ви помогне да разговарате за тоа и да ве води низ таа фаза по третманот.“
„Мора да ја пронајдеш својата нова нормалност, а тоа одзема време… Како ролеркостер е, не е толку мазно како што би очекувале. Реалноста е дека поминуваш низ тешки времиња“, заклучи Кејт.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Наскоро размена на затвореници со Русија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека наскоро се очекува размена на воени затвореници, што е резултат на првата рунда преговори со Русија и САД во Абу Даби, пишува „Украинска правда“.
„Доаѓа важен чекор: наскоро очекуваме размена на воени затвореници. Мора да ги вратиме нашите луѓе дома“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски, исто така, рече дека добил извештај од украинската делегација по состанокот во Абу Даби, на кој присуствувале и делегации од Русија и САД.
„Контактот е одржуван и со американската страна. Рустем Умјеров, Кирил Буданов и Давид Арахамија известија за ова. Тие останаа во контакт. Денес ги разгледавме привремените резултати од разговорите, а тие ќе продолжат утре“, рече тој.
Објавата доаѓа откако Зеленски на 30 јануари изјави дека Русија ги прекинала размените на затвореници бидејќи верува дека се бескорисни.
фото/Depositphotos
Свет
Иран им дозволи на жените да возат мотоцикли
Жените во Иран сега официјално можат да добијат возачка дозвола за мотоцикл, објавија локалните медиуми, со што се стави крај на долгогодишната правна несигурност околу возењето мотоцикл.
Претходниот закон не им забрануваше експлицитно на жените да возат мотоцикли и скутери, но во пракса властите одбиваа да издаваат возачки дозволи. Поради овој правен вакуум, жените честопати беа одговорни во сообраќајни несреќи, дури и кога тие беа жртви.
Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, вчера потпиша декрет со кој се разјаснуваат одредбите од законот за сообраќај, кој иранската влада го одобри кон крајот на јануари, објави новинската агенција Илна.
Одлуката бара од сообраќајната полиција да „обезбеди практична обука за кандидатки, да организира испит под директен полициски надзор и да им издава возачки дозволи за мотоцикли на жените“, објави Илна.
Одлуката дојде по бранот протести низ Иран, кои првично избувнаа поради економски проблеми и ескалираа во масовни антивладини демонстрации минатиот месец.
Од Исламската револуција во 1979 година, жените во Иран се соочуваат со низа социјални ограничувања, при што кодовите за облекување претставуваат посебен проблем за оние што возат мотоцикли. Од жените се бара да носат шамии и широка облека на јавно место, но во последниве години тие сè повеќе ги прекршуваат овие правила.
Трендот на кршење на правилата дополнително се забрза по смртта во 2022 година на Махса Амини, млада Иранка која почина во полициски притвор откако беше уапсена за наводно кршење на кодексот за облекување. Нејзината смрт предизвика масовни протести низ Иран, предводени од жени кои бараа поголеми слободи.
фото/ЕПА

