Свет
(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан
Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата.
Khoảnh khắc máy bay rơi và video từ hiện trường vụ tai nạn ở Aktau Trên máy bay có 105 hành khách và 5 thành viên phi hành đoàn.
Tất cả đều là công dân Azerbaijan và Liên bang Nga. pic.twitter.com/pUrz0Yxyf9
— the rose (@TheRoses2022) December 25, 2024
Според последните информации несреќата ја преживеале 25 лица. Авионот летал од Баку за Грозни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Норвешката полиција заплени брод со руски екипаж поради оштетување на оптичкиот кабел
Норвешката полиција денеска соопшти дека запленила норвешки брод со руски екипаж поради сомнение за вмешаност во оштетување на оптички кабел во Балтичкото Море. Според полицијата, заплената била извршена на барање на летонските власти, пренесува Ројтерс.
„Бродот е осомничен дека е вмешан во сериозно оштетување на оптичкиот кабел во Балтичкото Море меѓу Летонија и Шведска“, се вели во полициското соопштение.
Бродот, кој е во сопственост на Норвешка и пловел под знамето на таа земја, пловел од Санкт Петербург во Балтичкото Море до Мурманск на рускиот Арктик, соопшти полицијата.
Претходно, летонскиот портал LSM, повикувајќи се на сопственикот на кабелот, Летонскиот државен радио и телевизиски центар, објави дека во неделата е оштетен подморскиот оптички кабел меѓу Летонија и Шведска, најверојатно поради надворешни влијанија, пренесува РИА Новости.
Летонската морнарица испратила патролен чамец до местото каде што се посомневало дека кабелот е оштетен и го контактирала НАТО, пренесува Танјуг.
Свет
Си-би-ес: Од највисоките функционери на ФБИ побарана оставка или ќе се соочат со отпуштање
Од високите функционери на американското Федерално истражно биро (ФБИ) е побарано да поднесат оставка или да се повлечат од своите челни позиции во Бирото или ќе се соочат со отказ, изјавија за Си-би-ес тројца неименувани добро упатени извори.
Изворите рекоа дека високи функционери во седиштето на ФБИ се одговорни за надгледување на врвните приоритети на Бирото, како што се прашањата за националната безбедност и сајбер-безбедноста.
Свет
Песков: БРИКС не бара нова валута, туку заеднички инвестициски платформи
Членовите на БРИКС не разговараат за воспоставување заедничка валута, туку за создавање нови инвестициски платформи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Факт е дека во БРИКС не се зборува за создавање заедничка валута ниту, пак, некогаш имало. Се зборува за создавање нови заеднички инвестициски платформи, кои ќе овозможат заеднички инвестиции во трети земји“, изјави Песков за новинарите во врска со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека земјите од БРИКС треба да се обврзат да не создаваат нова валута што ќе го замени американскиот долар.
Трамп рече дека САД, доколку дојде до тоа, ќе им воведат царини од 100 отсто на овие земји, пренесува „Танјуг“.
Трамп исто така претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат замена за доларот како светска валута.