Свет
(Видео) Се урна трговски центар во Мексико, најмалку седум луѓе загинаа
Најмалку седум лица загинаа кога во мексиканскиот град Монтериј се урна трговски центар што беше во изградба, изјавија официјални лица.
Седум други лица се водат за исчезнати, додаваат властите.
Покрај тоа, 15 луѓе беа повредени и пренесени во најблиската болница, изјави локалниот секретар Генаро Гарсија на конференција за медиумите, објави АП.
Се верува дека, како што посочи тој, сите жртви се градежни работници.
Градежните работи за изградба на трикатниот трговски центар се одвивале без потребните дозволи за градба, наведоа мексиканските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
УНРВА: Околу 15.000 трудници во Газа се на работ на гладување
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) предупреди дека 15.000 бремени жени се на работ на глад во Појасот Газа, кој е под интензивни израелски напади повеќе од една година, јавува агенцијата „Анадолија“.
Се наведува дека во Газа има околу 50.000 бремени жени и дека само следниот месец се очекуваат 4.000 раѓања.
🔹@UNFPA reports 50,000 pregnant women in #Gaza and 4,000 deliveries expected next month. 15,000 face famine risk
🔹Heavy rains and limited aid worsen conditions for Gaza’s displaced
🔹2024 is the deadliest year for humanitarians (281 deaths, most UNRWA staff in Gaza) per… pic.twitter.com/upzkqHIjOH— UNRWA (@UNRWA) November 28, 2024
„Околу 15.000 од нив веројатно ќе бидат на работ на глад“, предупреди УНРВА.
Во соопштението се нагласува дека обилните дождови и ограничената помош ја влошиле состојбата на раселените луѓе во Газа.
Исто така, беше наведено дека 2024 година беше „најсмртоносната година за хуманитарните работници, со 281 смртен случај ширум светот, повеќето од нив вработени во УНРВА во Газа.
Свет
Путин за ракетата „Орешник“: „Моќта на масовниот удар е споредлива со нуклеарно оружје“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје.
Тој на самитот на Организацијата за колективна безбедност (CSTO) во Астана објасни дека ракетата, чии елементи на удар достигнуваат температура од 4.000 степени, може да погоди високозаштитени објекти, дури и оние што се наоѓаат на големи длабочини, и сè што е во епицентарот на експлозиите се претвора во прашина, објави „РИА новости“.
Москва веќе има на располагање неколку ракети „Орешник“ и почна со големо производство на напредниот вооружен систем, додаде тој.
Свет
Во Германија уапсен лекар: осомничен за убиство на осум пациенти
Лекарот што годинава беше уапсен во Берлин е осомничен дека намерно убил осум од своите пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење, според истражителите.
Неименуваниот лекар, кој бил член на тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа се обидел да ги запали нивните станови, пренесуваат медиумите во регионот.
Полицијата и Обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на осомничените жртви, од кои две биле ексхумирани.
Тој првично беше уапсен под сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за палење. Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив, освен да ги убие пациентите, според написите.
Тој е осомничен дека во јануари му дал смртоносна мешавина на лекови на 70-годишен старец. На почетокот на април следната жртва била 61-годишна жена. Неколку недели подоцна тој наводно убил 83-годишен старец.
Во четвртиот случај во јуни тој наводно убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил. Пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на другиот дел од зградата, пишуваат медиумите во регионот.