Свет
(Видео) Силен земјотрес меѓу Куба и Јамајка, опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди карипските острови Јамајка и Куба.
Американскиот геолошки преглед соопшти дека епицентарот на силниот земјотрес е на 139 километри северозападно од Јамајка и на 140 километри јужно од Куба, на длабочина од 10 километри, што се смета за релативно плитко.Земјотресот се почувствувал и на Кајманските острови.
Importantes procesos de licuefacción en #Jamaica, producto del sismo de 7.7Mw. ni re reportan víctimas hasta el momento. pic.twitter.com/6VjcFhApVe
— SIMMSA (@SIMMSAmex) January 28, 2020
Центарот во Хаваи за предупредување од цунами соопшти дека врз основа на прелиминарните податоци, опасни цунами бранови се можни на бреговите лоцирани и на 300 километри од епицентарот на земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Сакам средба со Путин што е можно поскоро

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека сака што поскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Зборувајќи за мировните преговори меѓу Русија и Украина, тој рече дека „е време едноставно да се направи тоа“.
„Ќе го завршиме тоа“, рече Трамп. Тој додаде дека сака средба со Путин „штом може да се организира“, објави Би-Би-Си.
Трамп вчера посочи дека има мали шанси за значителен напредок во мировните преговори сè додека тој и Путин не се сретнат лично.
Американскиот претседател денес го поминува последниот ден од својата турнеја на Блискиот Исток во Обединетите Арапски Емирати, каде што зборуваше на состанок на бизнис заедницата, пренесува Танјуг.
Свет
Кремљ: Путин и Трамп треба да се сретнат

Кремљ денеска соопшти дека средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател Доналд Трамп е клучна, но дека таа бара значителни подготовки и мора да даде резултати.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го изјави ова откако Трамп рече дека ќе се сретне со Путин „штом тоа може да се договори“.
„Таква средба дефинитивно е потребна. Потребна е првенствено од гледна точка на билатералните руско-американски односи и од гледна точка на сериозен разговор на највисоко ниво за меѓународните прашања и регионалните проблеми, вклучувајќи ја, се разбира, кризата околу Украина“, рече Песков.
Руските и украинските преговарачи се во петокот во Истанбул на, како што беше наведено, нивни први директни мировни преговори по повеќе од три години, под притисок на американскиот претседател Трамп.
Коментирајќи ги преговорите во Истанбул, Песков рече дека рускиот преговарачки тим е во постојана комуникација со Москва и дека претседателот Путин добива ажурирани информации во реално време.
Свет
Мелони: Потребна е упорност во примирјето меѓу Русија и Украина

Италијанската премиерка Џорѓа Мелони денес изјави дека е потребна упорност во прекинот на огнот меѓу Русија и Украина.
„Мораме да инсистираме на безусловно примирје и договор за прекин на огнот“.
„Не треба да бараме алтернативи, туку да инсистираме на мир, на прекин на огнот“, рече таа во Тирана во пресрет на Самитот на Европската политичка заедница.
На прашањето за имигрантите и договорот со Албанија, Мелони истакна дека работата продолжува и дека ова докажува дека работите одат во вистинската насока.