Свет
(ВИДЕО) Силна експлозија во Русија, гори резервоар со нафта
„Руската армија ги спроведува неопходните борбени мерки во јужниот град Вороњеж“, изјави гувернерот на регионот.
Александар Гушев зборуваше на Телеграм, откако се повеќе кружат видеа на кои се гледа Вагнер и возилата во движење по автопатот М-4 што води кон Вороњеж од јужна Русија.
„Во рамките на антитерористичката операција на територијата на регионот Вороњеж, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат потребните оперативни и борбени мерки. Ќе ве информирам како ќе се развива ситуацијата“, напиша Гусев.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи кружат видеа од експлозијата и страотниот пожар во Вороњеж. Руските власти соопштија дека имало пожар во резервоар за гориво, но не ја прецизираа причината.
WATCH: Helicopters attack oil depot in Russia's Voronezh pic.twitter.com/0TBSmbnnx5
— BNO News (@BNONews) June 24, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО
Холандскиот премиер Марк Руте изјави денеска, откако беше официјално назначен за следен генерален секретар на НАТО, дека Алијансата ќе остане камен-темелник на колективната безбедност на нејзините членки.
„Извонредна чест е да бидам назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно“, напиша тој на мрежата Икс.
Руте ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар од 1 октомври.
Мандатот на Столтенберг, кој беше обновен четири пати од 2014 година, кога беше првпат назначен, завршува.
Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат назначувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет, политичкото раководно тело на Алијансата, во Вашингтон од 9 до 11 јули.
Регион
Родител нападнал наставници во Чачак вербално и физички: Повикал „влијателни луѓе“ да му ги подобрат оценките на неговото дете
Во основното училиште „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Чачак, родител на еден ученик Ж.Ч. ги нападнал наставниците, прво вербално, а потоа и физички, затоа што бил незадоволен од успехот на своето дете, соопштија од „Синдикатот за образование Чачак“.
„Родителот направил тежок инцидент за кој била повикана полиција и целиот случај е предаден на јавен обвинител“, се наведува во соопштението на Синдикатот. Синдикатот тврди дека целиот случај дополнително се усложнува со „интервенциите на градските раководители за подобрување на оценките на тој ученик“, како и интервенциите на разни влијателни луѓе од Чачак, на кои родителот се повикал при инцидентот.
„Се поставува прашањето каква порака испраќа ова до децата кои правилно ги исполнуваат обврските, но и до нивните родители. Дали е подобро денес да имате моќни и влијателни познаници отколку да бидете вредни и посветени на учењето?“, се наведува во соопштението.
„Просветен синдикат Чачак“, кој е мнозинскиот синдикат на просветните работници во тој град, го осуди ваквиот однос кон просветните работници и ги повика родителите да ги гледаат наставниците како нивни најблиски соработници во образованието и воспитувањето на нивните деца. Синидкатот побара од надлежните институции што поефикасно да го процесуираат насилството врз наставниците.
Регион
Успешно спасување на 11 граѓани на Полска во хрватскиот дел од Јадранско Море: спречена едрилица да удри во карпи
Министерството за море, транспорт и инфраструктура денеска соопшти дека 11 членови на екипажот на едрилица со три деца се спасени од удар во карпите кај Дуги Оток по невреме, а се работи за полски државјани.
Се наведува дека службениците на подружницата на пристаништето Сали синоќа спречиле едрилица со неколку членови на екипажот, меѓу кои и малолетни деца, да удри во карпите на островот.
Оттаму велат дека пријавата ја добиле вечерта во 2 часот и 30 минути, по што е започната спасувачка акција во соработка со Капетанијата на пристаништето Задар.
„Водачот на единицата побарал помош поради неможност да се управува едрилицата во исклучително силно невреме и поради опасност од удар во карпите, додека на едрилицата имало вкупно 11 членови на екипажот, меѓу кои водачот и тројца малолетни деца, сите државјани на Република Полска“, се наведува во соопштението.
Веднаш по пријавата спасувачката екипа запловила, а недолго потоа ја пронашле едрилицата недалеку од пријавената позиција, од каде ЛК Задар и ЦК Риека пријавиле опасност по животот на екипажот на едрилицата, која се движела неконтролирано под ефектите на бурните јужни и високи бранови и непосредната близина на карпите на островот Гармењак Вели, се наведува во соопштението.