Свет
(Видео) Силно невреме го зафати Сибир, тројца загинати, 18 повредени
Силно невреме го погоди регионот Кемерово во југозападен Сибир, при што загинаа најмалку три лица, а 18 се повредени, јави новинската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалната агенција за цивилна заштита.
Невремето оштети стотици куќи. На социјалните мрежи можеше да се види видео од Новокузњецк, на кое се гледа како дрво паѓа врз автомобил додека се движи.
#Russia. Footage of the terrible #hurricane currently devastating #Siberia. In #Novokuznetsk a tree crushed a car: two people died instantly. pic.twitter.com/K3A8jBxrL7
— Donato Yaakov Secchi (@doyaksec) November 19, 2023
Многу домаќинства останаа без струја, а во прекин е и јавниот превоз. Градоначалникот Сергеј Кузнежов прогласи вонредна состојба. Во Новокузњецк со децении немало природна катастрофа од ваков размер, напиша тој на „Телеграм“.
Зафатени беа и други области на Сибир, вклучувајќи ги градот Новосибирск, Краснојарск и Иркутск.
Руското Министерство за енергетика соопшти дека во еден момент повеќе од 225.000 луѓе останале без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

