Свет
(ВИДЕО) Соборен руски хеликоптер, Путин денеска со вонредно обраќање!

Силен чад е забележан во близина на градот Ростов. Се работи за соборен руски хеликоптер, вели Пригожин, водачот на групата која од синоќа започна акција против Путин. Густ црн чад беше видлив во близина на главниот автопат во близина на јужниот воен округ на Русија Ростов на Дон.
Appears that the heavy smoke was a downed Russian helicopter near Pavlovsk, Voronezh Oblast. https://t.co/02fhX1JR68 pic.twitter.com/SbgaFvvO8M
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 24, 2023
Водачот на групата Вагнер, приватна армија што ја предводеше поголемиот дел од руската офанзива во Украина, Евгениј Пригожин, вети дека ќе „оди до крај“ за да го собори военото раководство во Москва, откако ја обвини руската војска дека извршила смртоносен удар врз неговите војници. Во аудио порака, тој рече дека неговите војници „ќе уништат сè што им стои на патот“ и ги предупреди Русите да не се спротивстават на неговите сили и ги повика да му се придружат.
Истакнат руски генерал, исто така, го повика платеничкиот водач да престане, навестувајќи дека „непријателот само чека влошување на внатрешната политичка ситуација во земјата“.
По најновите случувања од синоќа, претседателот на Русија, Владимир Путин, наскоро ќе има вонредно обраќање пред нацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сакс: Западните лидери ги туркаат своите земји во војна

Американскиот економист и професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, ги нарече тврдењата на германските власти за невозможноста за дијалог со Русија „забавни“, посочувајќи бројни прекршувања на претходните договори со Русија од страна на самиот Запад.
„Германската влада постојано изјавуваше, а јас внимателно слушав: „Невозможно е да се преговара со Русите. Тие не сакаат дијалог. Тоа е многу забавно“, рече тој, пренесува Спутник.
Како што потсети, токму САД се повлекоа од Договорот за противракетна одбрана (PRO), потоа го напуштија Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел (IRM), по што САД и Германија се откажаа од своето ветување дека НАТО нема да се прошири. Токму Германија и Франција одбија да го гарантираат спроведувањето на Минск 2.
„По сето тоа, германската влада има дрскост да тврди дека Русија не сака дипломатија?“, рече Сакс, говорејќи на митинг во Берлин по повод Денот на германското единство.
Сакс ги обвини западните лидери, кои испраќаат оружје и финансиска поддршка во воените зони, за поттикнување на војни, вклучително и украинскиот конфликт. Професорот, исто така, посочи на учеството на Велика Британија и САД во уривањето на договорите од Истанбул во пролетта 2022 година.
„Кој го прекрши тој договор што Украина и Русија го потпишаа на 15 април 2022 година? Русија? Не. САД и Велика Британија, кои дојдоа и му рекоа на Владимир Зеленски: „Продолжете да се борите за нас. Откажете се од неутралниот статус. Ние ќе ве поддржиме“, истакна економистот.
Според него, дури и денес, постапките на западните лидери се неискрени и детски, туркајќи ги своите земји во војна, иако населението сака мир.
Сакс потсети на улогата на САД и Европа во државниот удар во Украина во февруари 2014 година, како и на изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која призна дека целта на договорите од Минск била да се „купи време за зајакнување на Украина“.
Фото: принтскрин
Свет
Ердоган: Турција ги поздравува напорите на САД за мир во регионот

Турција ги поздравува напорите на Соединетите Американски Држави за постигнување мир во регионот, но Израел мора да ги запре нападите за овие напори да бидат успешни, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека Трамп и Ердоган разговарале за билатералните односи, за време на повикот што го побарала американската страна, и се додава дека турскиот претседател ја нагласил важноста од преземање чекори за зајакнување на соработката меѓу двете земји, особено во одбранбената индустрија, пренесува Ројтерс. Ердоган, исто така, рекол дека нивната средба во Белата куќа минатиот месец ги зајакнала врските меѓу двете земји.
Во соопштението се наведува дека за време на разговорот за ситуацијата во Газа, Ердоган му рекол на Трамп дека Турција работи напорно за постигнување регионален мир и дека ги поздравува иницијативите насочени кон таа цел.
„Ердоган нагласи дека Турција ги зголемила своите дипломатски контакти заради мирот, дека ќе продолжи да ја поддржува визијата за глобален мир и дека запирањето на нападите од страна на Израел е важно за успехот на иницијативите насочени кон постигнување мир во регионот“, се вели во соопштението.
Турција, која ги нарече нападите на Израел врз Газа геноцид и ги суспендираше сите трговски односи со Израел, изрази поддршка за најновиот план на Трамп за ставање крај на војната во Газа.
Фото: принтскрин
Свет
Путин: Доста се шегувавме за дроновите, ветувам, нема повторно да ги испраќаме во Данска

Во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин коментираше за сомнителните дронови што летаа над воздушниот простор на НАТО.
Кога презентерот на форумот во Сочи го праша дали ги испратил дроновите во Данска, Путин одговори:
„Добро, повеќе нема да го правам тоа. Нема да испраќам дронови во Данска, ниту во Франција, ниту во Лисабон“, рече рускиот лидер.
Тој ја спореди паниката предизвикана од дроновите во Европа со НЛО и рече дека „тоа е апсурдно“.
„Знаете, мислам дека доста се шегувавме за дронови. Ветувам, нема повторно да ги испраќаме во Данска, не сакаме да го уништиме вашиот прекрасен пејзаж, или…“ рече Путин.
Тој тврди дека дроновите биле испратени од Французите за да го одвлечат вниманието на јавноста од домашните политички проблеми.
„А НАТО го користи ова за ширење паника и создавање тензии, што само го зголемува ризикот од конфликт“, заклучи Путин.
Фото: принтскрин