Свет
(Видео) Сообраќаен колапс на северот од Сирија, илјадници Курди бегаат од турскoто бомбардирање
Светските и локалните медиуми ги објавија првите слики и снимки од турската воена операција во Сирија која започна денеска.
Video: Turkish forces initiate their long-threatened military offensive against Kurdish forces in northeast #Syria, nicknamed Operation Peace Spring. pic.twitter.com/CU7qqxTd25
— Rudaw English (@RudawEnglish) October 9, 2019
Според Си-ен-ен во нападнатите области има сообраќаен колапс, бидејќи патиштата се полни со колони луѓе што се обидуваат да го избеганат турското бомбардирање.
#BREAKING
Thousands of #Kurds start fleeing the Syrian-Turkish border areas.
Video shows endless refugee stream: https://t.co/8zrKX8DP0z#Syria pic.twitter.com/Y8WT3Grdlo— Julian Röpcke (@JulianRoepcke) October 9, 2019
„Овој свет ги остави нашите луѓе пред варварски напад, каде згрешивме кога се боревме против Исламска држава за него?“, напиша на Твитер портпаролот на воениот совет, Мандбиј Шерван Дервиш.
İşte #BarışPınarıHarekatı‘ndan ilk görüntüler https://t.co/FzzCkLS2qj pic.twitter.com/kEgykb4e5w
— CNN TÜRK (@cnnturk) October 9, 2019
Сириските Курди кои ги контролираат областите каде започна офанзивата, се сојузници на САД, но тие не го кријат незадоволството од повлекувањето на американската војска од оваа територија, по што уследи и нападот на Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно соопшти дека денеска започнала воената операција во североисточна Сирија.
25 jets fly all over the border cities and bombardment. @cmoc_sdf @CENTCOM @UN @StateDept pic.twitter.com/rJzKvoCjZ7
— Shervan Derwish (@shervanderwish) October 9, 2019
Медиумите објавија дека, заедно со турскиот, започнале возвратни напади и од курдските сили.
Турскиот Си-ен-ен на својот профил на Твитер ги прикажа првите фотографии од погодените цели.
WATCH | Turkish jets take off from airbase as military offensive begins against PKK/YPG and IS in northern Syria https://t.co/oxCRdBEFXN pic.twitter.com/xcjenlyYXt
— euronews (@euronews) October 9, 2019
Во исто време, „Еуроњус“ објави снимка од турски авиони кои заминуваат од базите во таа земја кон турско-сириската граница.

Меѓународната заедница повикува на воздржаност и повлекување на турските сили, а влијателниот републикански сенатор, Линдзи Греам, попладево се закани дека американскиот Конгрес ќе направи напори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган скапо да ја плати својата офанзива во Сирија против курдските сили, сојузници на Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британската полиција ги истражува летовите на Епстин од аеродромот Стенстед
Полицијата во Есекс ги истражува информациите за приватни летови кои слетувале и полетувале од аеродромот Стенстед, по објавувањето на документи поврзани со Џефри Епстин. Овој потег следи откако поранешниот премиер Гордон Браун минатата недела ја повика британската полиција итно да ги испита тврдењата за криумчарење жени и девојки во земјата со авиони, пренесува Скај њуз.
Браун во текст за „Њу стејтсмен“ навел дека неодамна објавените документи за Џефри Епштајн откриваат дека авионот на осудениот педофил имал 90 летови кон или од британски аеродроми. Тој истакнал дека дури 15 од тие летови се случиле откако Епстин во 2008 година бил осуден за сексуален престап.
Портпаролот на полицијата во Есекс изјавил: Ги проценуваме информациите што се појавија во врска со приватните летови кон и од аеродромот Стенстед, по објавувањето на списите за Епштајн од страна на американското Министерство за правда.
Од аеродромот Стенстед соопштиле дека сите приватни авиони таму оперираат преку независни оператори (Fixed Base Operators), кои се задолжени за сите аспекти на приватното и корпоративното воздухопловство во согласност со прописите. Нагласиле дека сите имиграциски и царински проверки на патниците на приватни летови ги спроведува директно Граничната полиција.
„Тие користат целосно независни терминали со кои не управува Лондон Стенстед и ниту еден патник од приватен авион не влегува во главниот терминал на аеродромот. Аеродромот не управува ниту има увид во патничките аранжмани на приватно оперираните авиони“, се наведува во соопштението.
Свет
Советник во францускиот Сенат тајно фотографирал жени под здолништата
Поранешен советник во францускиот Сенат беше осуден на една година условна казна поради тајно фотографирање жени под здолништата, вклучително и во горниот дом на францускиот парламент.
На педесетгодишниот Себастијен Г. му се судеше откако двајца негови колеги во 2023 година, во заеднички простор на десничарската партија „Ле Републикан“, откриле хард-диск со повеќе од 1.800 фотографии, претежно од сексуална природа, како што навел судијата за време на судењето минатиот месец, пренесува „Ле Монд“.
На дискот имало фотографии од задници и деколтеа на облечени жени, направени на јавни места како улица или во Сенатот, како и фотографии од неговата поранешна девојка, која ја снимал гола во својот дом.
Следната година бил пријавен до управата на Сенатот, по што добил отказ по повеќе од две децении служба.
„Никогаш не сакав никого да повредам“, изјавил на судот во јануари, тврдејќи дека фотографиите никогаш не ги споделил. Навел дека чувствувал „потреба да ја собира убавината на жените“.
Судот му забрани пристап до Сенатот и му наложи психолошко и психијатриско лекување.
Минатиот месец судот го прогласи за виновен и поранешен сенатор кој дрогирал пратеничка со екстази со намера да ја сексуално нападне, и го осуди на 18 месеци затвор.
Свет
Истрага за ранчот на Епстин во Ново Мексико по тврдењата за закопани девојки
Властите на сојузната држава Ново Мексико покренаа истрага за ранчот „Зоро“, кој му припаѓал на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, по обвинувањата дека на тој имот надвор од Санта Фе сексуално злоупотребувал девојки и жени, објави Аксиос.
Според пратеничката Андреа Ромеро, истрагата има за цел откривање на вистината и овозможување преживеаните да добијат правда.
Министерството за правда на Ново Мексико минатата недела му пишало на Министерството за правда на САД барајќи нецензуриран пристап до анонимен мејл од 2019 година во кој се наведува дека две „странски девојки“ биле закопани на ранчот „Зоро“.
Ранчот, кој Епстин го поседувал од 1993 година до неговата смрт во 2019 година, се простира на повеќе од 7.600 хектари и се појавува во повеќе јавно објавени досиеја поврзани со него.
Преживеаните тврделе дека биле злоупотребувани на тој имот, вклучително и сведочењето на Ени Фармер, која за време на судењето на Гислејн Максвел во 2021 година го обвинила Епстин дека ја злоупотребувал на тој ранч.
Двопартискиот одбор на Претставничкиот дом на Ново Мексико ќе собира сведоштва од преживеани и планира јавно именување на осомничените сторители.
Пратениците истакнуваат дека ранчот долго време бил надвор од дометот на правдата и дека истрагата има за цел обновување на довербата на јавноста и заштита на безбедноста на граѓаните.
Сегашните сопственици на ранчот, семејството на поранешниот сенатор од Тексас, Дон Хафинс, вети целосна соработка.
Првиот состанок на одборот е закажан за вторник, а привремениот извештај до Претставничкиот дом мора да биде поднесен до 31 јули, додека конечниот извештај се очекува до 31 декември, вклучувајќи и препораки за понатамошни постапки.

