Свет
(Видео) Сообраќајна несреќа во Австралија, камион виси од мост
Сообраќајна несреќа ги блокира дел од автопатите во Австралија. Камион што пренесувал производи од живина во австралиската сојузна држава Викторија, најверојатно, поради излизгување од патот, остана да виси од мостот.
Товарениот камион, кога излета од патот, а на видеата што се појавија на социјалните медимуми се гледа како тој буквално виси од мостот, предизвика и застои и блокирање на автопатот северно од Мелбурн.
JUST IN: All citybound lanes are closed on the Calder Freeway in Keilor after a truck rollover. The truck’s trailer was hanging over Green Gully Road. #9News pic.twitter.com/O20lrWTIJH
— Nine News Melbourne (@9NewsMelb) November 20, 2018
Локалните медиуми објавија дека возачот бил пренесен во болница по несреќата, но без опасни повреди за животот.
Засега сè уште не е позната точната причина за несреќата, но се претпоставува дека возачот на камионот ја удрил страничната ограда и се превртел, а приколката потоа завршила над работ на мостот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

